Со книга до време за себе

Нејзината топлина и питомост веќе 20 години ја уживаме како гледачи на телевизиските канали. Иако професијата ѝ е јавна, таа без размислување би се вгнездила во некој агол, сама, со книга в рака, за да најде време за нејзината пасија, книгата. Ова е библиотеката на Билјана Дебарлиева.

Билјана, телевизијата како медиум, споредено со радиото и печатот, е најдалеку од литературата. Како успеваш да ја задржиш книгата во твоето секојдневие?

Отсекогаш ги сакав книгите, па и сега, и покрај брзото темпо на живот, успевам да најдам време за добра книга. Најмногу читам во лето, кога сум на одмор, ми се случувало да прочитам и пет книги за една недела. Но, и во текот на годината многу читам, можеби со малку позабавено темпо поради обврските. Книгите ме релаксираат и ме одвлекуваат од секојдневните проблеми. Во мојот дом имам голема библиотека и многу често купувам книги и ја дополнувам. Читањето книги го сфаќам и како време за себе, бегство од вревата, од проблемите, време кога се затворам во своите мисли.

 Дали одредени ставови и цитати од книги се инспирација за одредени ТВ-разговори или соговорници и кои?

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“, Толстој. Многу често си ја споменував оваа изрека додека ја водев емисијата „Визита“. Особено кога се јавуваа гледачите за да му постават прашање на лекарот кој ми беше гостин во емисијата. И покрај тоа што биле кај многу лекари и направиле многу анализи, кај нив постоеше надеж дека лекарот ќе им го реши проблемот по едно телефонско јавување. Тогаш ја сфаќав длабочината на оваа изрека. И навистина, сите ние различно се справуваме со проблемите и несреќите.

Кој македонски писател, кој си го „угостила“ пред камерите, ќе го паметиш и по што?

Сум немала можност, веројатно заради типот на емисиите што досега сум ги водела, но би сакала да ја запознам Румена Бужаровска, особено откако ја прочитав нејзината книга „Мојот маж“. Ме воодушевуваат едноставноста и реалноста во нејзините приказни. Ме фасцинира тоа што начинот на пишување предизвикува со леснотија да се читаат теми што и не се баш толку лесни и весели, ме фасцинира што отворено зборува за многу женски теми и судбини.

 По кој критериум ја одбираш книгата која сакаш да ја прочиташ?

Најчесто читам книги по препорака, особено кога мојата мајка, која е страстен читател, ќе ми каже дека вреди да се прочита одредена книга. И верувам зашто вкусовите за литература ни се слични, па веднаш почнувам да ја читам книгата што ја воодушевила.

Кој лик од книга во одреден период од животот влијаел на твоите ставови и начин на размислување?

Можеби не толку лик, колку што би издвоила книга што ми оставила голем впечаток, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Ја обработувавме како лектира во средно училиште, ама мислам дека не постои човек кој ја нема прочитaно. Пирејот го корнеш, ама тој повторно и повторно расте!

 

„И така ви велам…“ на Џон Клиз е изборот на Билјана

Од кои причини денес треба да читаме и што најмногу?

Денес, во ова море од информации, портали, вести и секаков вид теми со кои нè затрупуваат и со достапноста до голем број ТВ-канали, ја изгубивме навиката за читање. Заборавивме да уживаме во создавањето на сопствен свет додека читаме, во тоа сами да си ги замислиме ликовите… Истовремено, сите ние ги знаеме истите информации, ги гледаме истите серии и филмови, и тоа води до еден вид назадување. Затоа, мислам дека во денешно време треба многу повеќе да читаме, особено книги што ќе нè натераат да размислиме, што ќе нè замислат, што ќе ни отворат многу прашања. Некогаш тоа може да биде добар роман, а некогаш добра биографија за личност од која може многу да научиме.

 Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„И така, ви велам…“ од Џон Клиз.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s