Промоција на книгата „Мали огласи и уште по нешто“

Промоција, дружење и потпишување на книгата „Мали огласи и уште по нешто“, од авторот Дејан Алексиќ во книжарницата во книжарницата „Литература.мк“.

Промоцијата ќе се одржи во среда, на 6 декември, со почеток од 19 часот. На настанот ќе присуствува и авторот Дејан Алексиќ, а ќе гостуваат и актери од Театарот за деца и младинци, кои ќе читаат извадоци од книгата.

Мали огласи и уште по нешто
Автор: Дејан Алексиќ
Препев: Владимир Мартиновски
Илустратор: Александра Филипоска
Промотор: Оливера Ќорвезироска
Литература.мк, ул. Македонија 21, Скопје
6.12.2017 (среда), 19:00

Краток опис на книгата:

Мали огласи, жалби и тужби, вести и необична мода – сето ова е дел од оваа забавна книга на приказни во стих, од кои ќе се тресете од смеа. Мустаќи кои преку оглас бараат нов сопственик и едно голобрадо лице кое се јавува на огласот; радијатор кој се жали на луѓето кои ја мразат зимата и едвај чека топлиот декември да му ги згрее ребрата; вест е дека една кобила му го заробила срцето на расниот коњ, а жирафата е доказ дека високата мода може да оди на четири нозе…

Со своите „Мали огласи”, Дејан Алексиќ ќе го допре и најзаспаниот нерв на секој што длабоко во себе е дете и ќе го подигне да ги согледа и да ги поврзе односите во калеидоскопското шаренило на фантазијата и реалноста.

Мали огласи е добитник на наградата „Доситиеево перо” во категоријата изданија за млади.

Овој настан е прв од серијата промоции на литература за деца во „Литература.мк“ во месец декември. Следуваат промоции и средби со авторите: Оливер Коларевски, Јасмина Кантарџиева Димков, Томи Османли и Оливера Ќорвезироска.

 

Advertisements