Река од 10.000 книги ги „преплави“ улиците на Торонто

На „Белата ноќ“ во Торонто, група уметници која работи под името „Лузинтеруптс“ ја постави инсталацијата „Книжевност против сообраќајот“, со која затворија една од најпрометните градски улици и ја преплавија со 10.000 книги. Овој проект претходно е реализиран во Мадрид, Њујорк и Мелбурн, а е коментар на задушените улици од сообраќај.

Дозволувајќи улиците да бидат преплавени со пишан збор, градот создаде ослободен простор од моторни возила, па макар и за една вечер. Инаку, секоја книга е осветлена со светилка, создавајќи трепкачки ефект што се одвива меѓу страниците на „реката со книги“. Оваа уметничка група често се занимава со прашања на животната средина.

Со книгите донирани од „Армијата на спасот“, одредот на доброволци работел неуморно 12 дена за да ја наполни улицата „Хегарман“ во центарот на Торонто. „На тој начин, делот од градот резервиран за брзо возење, загадување и врева, за една ноќ се претвори во оаза на мир, тишина и заедништво, осветлен со придушена светлина што доаѓа од страниците на книгите“, објаснуваат уметниците на својата интернет-страница. „Книгите се таму за сите што сакаат да ги земат, така што инсталацијата сама ќе се рециклира, а нејзиниот ’живот‘ ќе ѝ го определат читателите, колку што сакаат тие да трае. На крајот, автомобилите ќе си го заземат своето место, но за многу што вечерва ќе чекорат тука, сеќавањето на книгите што се наоѓаат, ќе им го унапреди односот за ова опкружување.“

Гледачите беа охрабрени да земат учество и да си понесат книга дома, со тоа делото се „распадна“ за десет часа.

Покрај прашања што се поставуваа за сообраќајот и задушените градски области, инсталацијата повторно ја оценува позицијата на печатената книга во време во кое се веќе станува дигитално. Разлистувајќи ги и одбирајќи го своето омилено четиво, новите сопственици на книгите им го вратија значењето и ги направија повторно актуелни за некого.

Извор:

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s