Книгата „Да се убие птицата подбивница“ исфрлена од училишната лектира

Познатиот роман за расизмот во Америка „Да се убие птицата подбивница“ на истакнатата писателка Харпер Ли е исфрлен од листата на задолжителна литература во едно основно училиште во Мисисипи, бидејќи одредени изрази во неа предизвикувале непријатност кај луѓето.

Книгата „Да се убие птицата што се потсмева“ е објавена во 1960 година, а следната година Харпер Ли за неа добива Пулицерова награда

„Имаше некакви обвинувања за оваа книга“, вели потпретседателот на училишниот одбор, Кени Холовеј. „Во книгата се користат зборови што кај луѓето предизвикуваат непријатност, а постојат други книги од кои можеме да ги образуваме децата за истите нешта. ’Да се убие птицата подбивница‘ и понатаму е дел од нашата библиотека, но осмоодделенците на часот ќе користат некоја друга литература.“

Во романот „Да се убие птицата подбивница“ од перспектива на Скаут Финч, шестгодишната девојка порасната во мал град на југ на земјата, Харпер Ли на духовит и автентичен начин ги критикува расните и класните предрасуди во американското општество во триесеттите години на минатиот век. Во зачмаената средина, заробена во насилство и хипокризија, моралната сила на еден човек, адвокатот Атикус Финч, ќе ги потсети читателите и жителите на округот Мејком, колку е тешко и важно да се истрае да се биде човек. Бранејќи го црнецот обвинет за силување на бела жена, Атикус застанува во одбрана на човековото достоинство и вербата во законодавниот систем. Благодарејќи на силата на својот карактер, тој се вбројува во редот на ретките јунаци кои ги надминуваат рамките на едно книжевно дело и стануваат симбол за универзална правичност.

Судејќи според пишувањето на локалните медиуми, проблем на оваа книга е вo користeњето на терминот „црнец“. Оваа книга во 2016 година е повлечена од наставата во едно училиште во Вирџинија.

 

Харпер Ли почина минатата година, веднаш по откривањето на продолжетоците на книгата под наслов „Оди постави стражар“. Ова лето е почнато со работа на адаптација на романот „Да се убие птицата подбивница“ во графичка новела.

Извор:

https://www.theguardian.com/books/2017/oct/14/to-kill-a-mockingbird-harper-lee-mississippi-school-reading-list

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s