Каде е денес „девојката од железничката станица ЗОО“

Како тинејџерка, целиот свет веќе дозна за неа. Кристијане Вeра Фелшеринов ја забележуваат двајца новинари на магазинот „Стерн“, на судење на маж кој на малолетни девојки за секс им плаќал со хероин, во Берлин во 1978 година. Тогаш таа имала 16 години и била сведок, а новинарите сакале да дознаат нешто повеќе за неа и за светот на малолетничката наркоманија и проституција, теми што во таа доба биле комплетно табу.

Нивниот план да направат подолга приказна, на основа на двочасовно интервју со Кристијане, се продолжил на два месеца. Резултатот од тој план е книгата „Ние децата од железничката станица ЗОО“, потресен и брутално искрен роман за изгубените тинејџери од Западен Берлин, кои би направиле сè за секојдневно „фиксање“.

Книгата со потписот на Кристијане Вера Ф. стана светски хит, а таа голема ѕвезда. Во 1981 година е снимен и филм „Ние децата од железничката станица ЗОО“ во кој се појавува и Дејвид Боуви, чијшто концерт е еден од пресвртните моменти во животот на Кристијане. На берлинската премиера таа се појавила со него. Подоцна таа раскажува и за спиењето со Дејвид Боуви, но и за Ник Кејв, музичарот кој го обожавал Берлин. Дел од својот живот таа го поминува и во Лос Анџелес, каде што се забавувала со ѕвездите, но авантурата ѝ завршува неславно откога ја фатиле со дрога и ја депортирале назад.

Каде е сега таа?

Кристијане Вера Фелшеринов денес има 55 години и живее со последиците на бурниот живот.

„Можам да умрам секој миг, но не жалам за ништо во животот, бидејќи мислам дека ништо не сум пропуштила. Никому не му препорачувам да оди по мојот пат, ама тоа е мојот живот“, вели Кристијане, за која во 2013 година е издадена уште една книга „Мојот втор живот“. Автор на книгата е Соња Вуковиќ, германска новинарска со српско потекло и врсничка на Кристијане. Заедно минале многу време за да можат да се раскажат сите случки по популарноста стекната со „Ние децата од железничката станица ЗОО“.

Книгата нè воведува комплетно во животот на Кристијане. Го опишува станот во кој таа живее денес, во кој нема многу мебел. Таа денес се соочува со неколку сериозни заболувања, фиброза, цироза на црниот дроб, хепатитис Ц. Веќе не поднесува антибиотици, ѝ отекува црниот дроб, задржува течности: „Ова не е живот“, вели Кристијане.

Се надевам дека оваа книга ќе ги исплаши луѓето повеќе отколку мојата прва книга и ќе ги одврати од дрогата. Таа опишува колку болки минала во животот и како ќе умре прерано, во болна смрт.

Сè уште е зависничка од метадон и алкохол, а редовно консумира и марихуана. Пишува дека психички е многу нестабилна, понекогаш слуша гласови и бега од својот стан. Повеќепати се обидува да се спаси од зависноста и да го среди својот живот. Двапати прекинувала бременост, а во 1996 година го родила синот Филип. Неговиот татко го запознала на едно одликување, кој ја оставил, а во 2008 година социјалната служба ѝ го одзема детето.Одземањето на правото на детето не можела да го прифати, па го киднапира и со него бега во Амстердам. Медиумите известувале дека не се грижи за синот, дека пие и зема хероин. Набрзо се враќа во Германија и го предава синот на социјална служба, а две години подоцна сосема ѝ е одземено родителското право.

„Најмногу ми пречи што сите ме прашуваат ’дали сум чиста‘. Како да не постои ништо друго во врска со мене. А јас не можам ’да се исчистам‘. Никогаш не ни сакав да ја оставам дрогата. Јас не знам за ништо друго. Одлучив да живеам поинаков живот од сите други луѓе“, неодамна изјавила Кристијане, ќерката на насилниот алкохоличар, која почнала да се дрогира со само 12 години, а хероинот го плаќала со своето тело.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s