Најдобрата библиотека на тркала: Ние подигнуваме генерации, а со некои членови се слушаме секој ден

Во Хрватска денес не е толку лесно да се најде човек кој со искрена насмевка ќе ви каже дека искрено ја сака својата работа. Таква е екипата на Библиобусот, мобилната служба на Библиотеката на градот Загреб, која повеќе од 40 години ги минува зафрлените загрепски квартови, каде што нема „фиксни“ библиотеки.

Библиобусната служба на Библиотеката на градот Загреб има два автобуса

„На некој начин, ние ги подигнуваме генерациите. Имаме верни корисници – родители, кои се наши членови, ги носат своите деца кои стануваат наши членови, бабите ги носат внуците, а верувајте дека се познаваме подобро отколку членовите на обичните библиотеки. Ние ’станиците‘ ги обиколуваме секои две недели и доаѓаме прецизно за одредени луѓе и им ги носиме книгите што ги бараат тие. Се слушаме по телефон со нив, понекогаш и на дневна основа“, вели проф. Ника Чабриќ, раководител на библиобусната служба.

За библиобусот не е потребна посебна членска карта, книгите можат да ги зајмат сите членови на Библиотеката на градот Загреб.

Библиобусната служба има два автобуса, а во секој од нив се сместени од пет до седум илјади книги. Фондот на книги постојано се приспособува според локациите што се обиколуваат тој ден. Овој вид автобус треба да биде комплетно адаптиран на намената, што воопшто не е евтино. „Добро би ни дошло ново возило“, велат од библиобусот, со што се согласуваат и нивните многубројни корисници.

„Јас го користам библиобусот од основно училиште, член е мојот син, а сега и мојата внука. Исклучително ни е важно и понатаму да го имаме библиобусот“, вели Предобра Мавровиќ од Ботиница, задоволна корисничка цели 30 години.

Ова е видео приказната за Библиобусот:

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s