Филм за последната книжарница

Дали некогаш сте помислиле како би изгледала последната книжарница?

Замислете свет во кој постојат само документи, текстуални датотеки настанати на основа на оригиналната содржина на книги што се изгубиле патем. Свет во кој оригиналната приказна на хартија ги крши авторските права на е-книгата.

„Последната книжарница“ е краток филм настанат во 2012 година. Неговите автори се луѓе кои се свесни за вредноста на книгата како предмет со особено значење и за состојбата на книжарниците, што денес ги минуваат најтешките денови од своето постоење.

Тие се свесни за тивкото исчезнување на еден свет и тоа сознание уметнички го обликуваа во филм.

Во овој краток филм раскажана е приказна за иднината во која книгите се исчезнати физички. Светот технолошки е толку унапреден, така што многу активности се овозможени по пат на виртуелна комуникација. Момче кое е израснато во таков свет не знае што се книги, книжарници, библиотеки, а исто така тој првпат се сретнува со терминот купувач и пари.

За ова момче пораснато во свет на кодови, мултимедијален систем во кој визуелното е издигнато над тактилното, реалноста е нешто друго, за разлика од старецот, кој памети побогат свет, со поинаков начин на комуницирање.

Еден ден, поради дефект, момчето останува без својот уред и тој тргнува во прошетка, откривајќи зафрлени делови од градот. Во една од тие заборавени улици ја открива последната книжарница. Тоа е единственото место каде што можат да се најдат вистинските книги што се напуштени веќе неколку децении. Во книжарницата момчето го запознава стариот трговец, кој веќе 25 години го чека својот купувач. Тој му раскажува сè за книгите и на кој начин некогаш луѓето доаѓале до нив.

На првата средба на момчето со книгата откриваме исконска љубопитност, страв и радост. Неговото „невешто ракување“ со овој предмет е само уште еден доказ дека човек пораснат во една околина има искуство само со она со што се сретнува, независно колку цивилизациски е напредната средината. Момчето сфаќа дека во книгите се приказните, но се прашува што можат да прават тие.

Гледајќи го својот прв посетител по 25 години, старецот дури и му завидува на момчето, кое првпат го отвора чудесниот свет на книгите.

Книгите што ги чувал конечно добиваат свој нов читател. Што ќе се случи до крајот на овој филм, откријте сами.

Филмот е сниман на неколку локации, а некои од книжарниците што учествувале во неговото настанување се „Халис букшоп“, „Багинс бук базар“, „Сити бук“ и други.

Улогите ги толкуваат Алфред Хофман и Џое Холгејт, а режијата е на Ричард Дад и Дан Фриер.

Повеќе за филмот на „The last Bookshop“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s