Пипи Долгиот чорап е книжевен лик создаден од шведската писателка Астрид Лингрен кој на екран го оживеа шведската актерка Ингер Нилсон на осумгодишна возраст.
Карактеристичната насмевка, љубопитниот поглед и ѓаволестата енергија која ја поседуваше ја направија омилен детски лик од серијата и филмот „Пипи Долгиот чорап“.
Денес таа има 57 години, живее во Стокхолм, каде работи како секретарка. Повремено се уште работи како актерка, одигрувјаќи улога во по некоја театарска претстава.
Во 2000 година таа се појави и во филмот на швајцарскиот режисер Хавиер Колер, под наслов „Грипшолм“, според романот на Курт Тучолкај, а во 2007 година глумеше и во германската телевизиска серија „Der Kommissar ud das Meer“, каде ја играше улогата на патологот Ева.
За улогата на Пипи Долгиот Чорап, Нилсон во 1975 година ја освои награда „ТП Оро“ во категоријата „најпопуларен лик“.