Успешна промоција на романот „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо

„Ако веќе мораш да бираш каде да ја бараш смислата на животот, почни од Париз…“

Романот „Анаис од Монмартр“ од младата авторка Јана Мишо, вчера (19 октомври) беше промовиран и на македонски јазик, во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија. Романот е во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации.

Јана Мишо со изданието на македонски јазик „Анаис од Монмартр“

Со оглед на тоа што оригиналната верзија од книгите е на англиски јазик, на вчерашната промоција на романот „Анаис од Монмартр“, авторката изјави: „Природно ми дојде да пишувам на англиски јазик. Немав намера книгите да ги издавам на македонски, па дури не ни очекував некогаш да излезат од фолдер, но ете, излегоа и денес се достапни на широка публика.“

Како одговор на прашањето зошто токму Париз, Јана изјави: „Ако веќе мораш да бираш каде да ја бараш смислата на животот, почни од Париз. Париз ми е инспирација на секое ниво, па кога решив да пишувам урбана приказна, ми беше задоволство да ја сместам токму во овој светски град.“

Авторката Јана Мишо со Бисера Бендевска, уредник на романот „Анаис од Монмартр“ и Бранка Бугариска, раководител на секторот издаваштво во „Арс Ламина“

„Нашата книжарница од денес е побогата со уште едно игриво четиво, овој пат од младата авторка Јана Мишо. ’Анаис од Монмартр’, би рекла, е едно забавно навраќање кон себеси, тет-а-тет со сопствената амбиција, (конструктивна) тврдоглавост, бунтовност… Низ ред препирки и ред надмудрувања, се изнедрува една љубов. Оваа е книга што не уморува,“ изјави Бисера Бендевска, уредник на романот „Анаис од Монмартр“.

Авторката Јана Мишо и нејзините два романи на англиски јазик – „Almost Parisian“ и „Anais from Monmartre“, минатата недела ја доживеаја својата меѓународна промоција на македонскиот штанд на најголемиот саем на книга во Франкфурт, а на вчерашната промоција во Скопје се покажа дека и кај нас постои огромен интерес за овој жанр.

На Саемот за книга во Франкфурт, Бранка Бугариска, од издавачката куќа „Арс Ламина“ која ги издаде овие книги, изјави: „Првпат промовираме книги од жанрот романтична комедија, но според реакциите на посетителите кои дојдоа на промоцијата гледаме дека има интерес. Се одлучивме за директна промоција и поканивме дел од нашите партнери кои се овде во Франкфурт и веќе имаме најави за можно издавање и продажба на овие книги и во други земји“.

Промоцијата на Мишо и нејзините книги продолжува и следната недела (22-29 октомври) на Саемот на книга во Белград.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s