Франкфурт: Интернационална промоција на романите на Јана Мишо

Авторката Јана Мишо и нејзините два романи на англиски јазик – „Almost Parisian“ и „Anais from Monmartre“, денеска беа промовирани на македонскиот штанд на Саемот за книга во Франкфурт, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“

„Првпат промовираме книги од жанрот романтична комедија, но според реакциите на посетителите кои дојдоа на промоцијата гледаме дека има интерес. Се одлучивме за директна промоција и поканивме дел од нашите партнери кои се овде во Франкфурт и веќе имаме најави за можно издавање и продажба на овие книги и во други земји,“ вели Бранка Бугариска, од издавачката куќа „Арс Ламина“ која ги издаде овие книги.

Авторката во интервју за нашиот блог неодамна изјави дека и е „мило што нејзините книги се најдоа меѓу толку големи издавачки куќи“, како и дека „има среќа што зад книгите стои одлична екипа“.

Промоцијата на Мишо и нејзините книги продолжува и следната недела во Скопје на 19 ноември, а потоа и на Саемот на книга во Белград.

Advertisements