Научно фантастични книги што ја предвидоа иднината

Научната фантастика е литературен жанр во кој дел од приказната или, пак, целата е основана на наука. За да ги читаме овие книги понекогаш е потребно солидно општо образование, бидејќи овие книги се полни со референции, симболи, места и локации, што го бараат тоа. Понекогаш, покрај солидното знаење, потребна ни е и фантазијата, бидејќи се работи за жанр каде што често се користи измислена наука или технологија и нејзиното влијание на општеството и на поединците.

Иднината тешко се предвидува, но читајќи научно-фантастични книги, можеме сами да си ја замислиме. Научната фантастика не се занимава само со вселенски истражувања и со вонземјаните туку и со алтернативна историја „што би било, кога би било“.

Ова е преглед на научно-фантастични книги што, сакале ние да признаеме или не, на некој начин успеаjа да ја предвидат иднината.

Визијата за човекот во научно-фантастичните дела

„Град и ѕвезди“ на Артур Чарлс Кларк е роман-класик, каде што е опишана човековата цивилизација за милијарди години, отелотворена во две заедници на Земјата.

„Животинска фарма“ и „1984“ двата најпознати романи на Џорџ Орвел

Најпознатите утописки дела се „1984“ на Џорџ Орвел, каде што е опишана тоталитарната држава и техниките со кои ги држи луѓето покорни, а во „Храбриот нов свет“ на Олдоус Хаксли тоталитарната држава ги подигнува луѓето како послушни поданици со „испран“ ум поделени во биолошки касти.

 

Ијан Бенкс во серијалот „За културата“ создал сосема утописка цивилизација од далечната иднина, каде што конфликтите сепак постојат, а луѓето имаат порив за истражување на ново и непознато.

Нуклеарното оружје е предвидено во романот на Херберт Џорџ Велс

Британскиот автор Артур Чарлс Кларк во расказот „Sвезда“, една од најубавите научно-фантастични приказни со верска тематика, пишува за член на екипажот кој ја бара Витлеемската ѕвезда. Кларк ја предвидел и појавата на ајпадот. Дали сте ја забележале сцената во филмот „2001: Вселенската одисеја“ (снимена според неговиот роман) во кој додека астронаутите појадуваат разговараат со уред што неверојатно потсетува на ајпадот?

Хербет Џорџ Велс на својата работна маса, на која ги нашишал „Војна на световите“, „Времеплов“, „Историјата на господинот Поли“ и др…

Во 1898 година, писателот Морган Робертсон ја предвидел катастрофата на бродот „Титаник“ во својот краток расказ „Залудност или бродолом на ’Титаник‘“ 14 години пред да се случи. Писателот Херберт Џорџ Велс, кој се прославил со научно-фантастичните романи, во 1914 година во својот роман „Ослободен свет: приказна за човештвото“ го предвидел создавањето на нуклеарното оружје, што е измислено во 1942 година, па дури за него го користи и терминот „атомска бомба“.

Научничките кругови го поттикнале творештвото на Жил Верн

Научната фантастика опишува свет што е конзистентен на веќепознатите природни закони. Може да опфати појави и технологии што не постојат, ама спаѓаат во рамките на „границите на возможното“. Односно, научната фантастика опишува свет во кој постојат појави и технологии што не се невозможни. Такви романи се „20.000 милји под морето“ и „Пат на месечината“ на Жил Верн или серијалот „2001: Вселенската одисеја“, „Песни од далечната земја“ и „Состанок со Рама“ на Артур Чарлс Кларк.

Жил Верн – авторот кој ја предвидува иднината

Во романот „Од земјата до месечината“ Жил Верн го предвидел слетувањето на „Аполо“ на Месечината, точно предвидел дека американската мисија ќе биде лансирана од Флорида, па дури и дека екипажот ќе има три члена. Исто така, тој во делото вели дека „таму владее бестежинска состојба“, иако науката подоцна ќе го потврди тоа, како и точните координати на слетување на Месечината (27 степени, 7 минути северна географска ширина и 5 степени, 7 минути западна географска ширина). Жил Верн е автор од втората половина на 19 век и прва половина на 20 век и за него често се говори дека е „автор кој ја предвидува иднината“, бидејќи настаните од многу негови дела, по одредена временска дистанца, стануваат реалност. Сепак, факт е дека Верн се движел во научнички кругови и со тоа бил изложена на нивните идеи што потоа слободно ги користел во своите дела.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s