„Мини Либи“ и „Либи“ подготвени за во училиштата

По три години истражување, анализирање и подготовка „Арс Ламина“ со гордост го најавува новиот септемвриски, четврти број на списанијата МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) одобрени за издавање од Министерството за образование.МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) се модерно дизајнирани списанија наменети за ученици од прво до трето, односно од четврто до шесто одделение од основните училиштa во нашата земја и ги покриваат содржините предвидени со наставната програма во основното образование.

Идејниот концепт на списанијата е да бидат извор на знаења за учениците и корисен дополнителен ресурс за наставниците по сите предмети што се изучуваат во овие одделенија, а особено по воведувањето на адаптираните наставни програми по математика и природни науки.

Овие две списанија веќе на прв поглед се издвојуваат од другите на пазарот и истовремено одговараат на потребите на денешните деца. Преку нив, на учениците им се нуди можност да прочитаат содржини посветени на образованието, културата, здравството, науката и сл., но сето тоа во корелација со предвидените наставни содржини и во чекор со современите општествени текови и најнови научни откритија.МИНИ ЛИБИ и ЛИБИ како новина воведуваат и ИКТ содржини. Имено, на различни места низ рубриките се наведени дополнителни врски до интерактивни содржини, достапни на интернет страницата libi.mk, а кои ќе најдат директна примена во реализација на наставната програма. Овие прилози се адаптирани на мајчиниот јазик на децата и се однесуваат на конкретни методски единици.

Сите содржини во списанијата ги подготвува високоспецијализираниот и искусен кадар на Арс Ламина публикации со помош на широк стручен консултантски тим од наставниот процес. Посебен фокус е ставен на содржините од областа на математика и природни науки кои се строго составувани според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ.Со издавањето на овие списанија, сакавме да ги вратиме списанијата во рацете на децата, да ја поттикнеме нивната љубопитност и да ги развиваме читачките навики. Списанието излегува еднаш месечно за времетраење на училишната година.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s