Ураганот Ирма опустоши градови, уништи домови, патишта, возила, но преживеаjа полидактилните мачки на Хемингвеј.
Педесет и четири мачки, од кои неколку директни потомци на мачките на Хемингвеј, го преживеаjа ураганот Ирма во подрумот на неговата куќа во Ки Вест на Флорида.
Сите мачки, заедно со десетина луѓе, се спуштија во подрумот на куќата што денес е „Музеј на Ернест Хемингвеј“ и дом на многу мачки.
„Штом почна, мачките брзо втрчаа во куќата за да се скријат. Некогаш помислувам дека се попаметни од многу луѓе“, вели кустосот Дејвид Гонзалес. „Тие се навикнати на нашите гласови и на нашата нега. Многу се сакаме и живееме заедно. Ништо не им недостигаше додека траеше ураганот.“
Инаку, својата прва мачка Ернест Хемингвеј ја има добиено од капетан на прекуокеански брод пред Втората светска војна на малиот остров Ки Вест на Флорида, каде што живеел во тој период. Мачката за која се смета дека е од расата мејн кун, Хемингвеј ја нарекол Сноубол, токму поради нејзината бела боја. Оваа мачка имала шест прсти на предните шепи, односно полидактилизам. По оваа мачка, Ернест Хемингвеј во својата куќа чувал повеќе од педесет мачки, од кои повеќе од половина биле со оваа деформација. Неговата приврзаност со полидактилните мачки станала толку позната, така што и денес мачките кои се родени со вакво нарушување ги нарекуваат „мачките на Хемингвеј“.
Извор:
https://www.b92.net/ljubimac/macke.php?yyyy=2017&mm=09&nav_id=1302778