Со едукативниот центар „Арс Ламина“ до повисоки стандарди во образованието

Едукативниот центар „Арс Ламина“ настанува како заокружување на една целина, поврзувајќи ја учебникарската издавачка дејност на Арс Ламина и здружението на наставници – „Дидакта Нова“ во коешто членуваат врвни практичари, искусни наставници и педагози, кои работат според најсовремените методи во наставата.Врвните професионалците во своите области кои работат на изготвување на учебниците, збирките и другите дидактички помагала, според кои се одвива наставата, сега се јавуваат како едукатори кои на најдобар начин ќе го пренесат своето знаење. За да може да стане нивното знаење подостапно до младите генерации, едукативниот центар „Арс Ламина“ ќе се погрижи да обезбеди најсовремените нагледни средства кои се користат во наставата. Со употреба на Smart таблата се поедноставува преносот на знаења и се приближува контактот наставник-ученик, а бројните дидактички материјали ќе ја поттикнат логиката кај учениците во пониските одделенија.

Целта на постоењето на едукативниот центар е да ги подигне стандардите во образованието, нудејќи современ начин на стекнување на знаења. Тој е замислен да ги понуди најдобрите можни опции во неколку сегменти.

  • Дневен престој – наменет за згрижување, забава и едукација на ученици чии родители имаат зголемени работни обврски
  • Следење и помош во совладувањето на наставните материјали за учениците од основното и од средното образование – математика, природни науки
  • Јазични курсеви – англиски, германски и француски јазик
  • Саботно згрижување – преку осмислена забава и креативна игра се остварува поинаков вид на едукација на децата.
  • Доедукација за наставници кои преку курсеви за работа со компјутери и тематското следење на наставниот материјал којшто се предава во училиштата, го поткреваат својот квалитет во водењето на наставата.

Сместен во центарот на градот, во пријателска средина, опкружена со грижа, внимание и многу љубов, децата во центарот ќе изучуваат интересни работи, користејќи ги најсовремените нагледни средства. Едукаторите ќе овозможат постигнување на најдобрите резултати на децата, а забавните содржини ќе ги релаксираат децата од училишните обврски, а сепак ненаметливо ќе стекнуваат поинакво знаење – училиште за магионичарски трикови, кујнски експерименти, драматизација на басни и бајки, разни креативни работилници и уште многу други активности не носат до заклучокот дека некои работи не се учат (само) во училиште.

  1. Дневен престој (одделенска настава) – Центарот овозможува згрижување на деца во мали групи до 5-7 деца, во периодот по престанокот на нивните училишни обврски, во часовите во кои родителите сеуште имаат работни обврски (15 -18.00 часот). Нуди креативно осмислено искористување на времето, преку забавно-едукативни активности. За децата е обезбедена ужинка. На оние коишто им треба помош при совладувањето на наставниот материјал или пишување на домашните задачи, едукаторите се тука да ги насочат, советуваат и да помогнат. Дневниот престој е отворен, секој работен ден од понеделник до петок во текот на целото полугодие.
  2. Сите предмети (одделенска настава) – Еднаш неделно, во сабота центарот овозможува помош во совладувањето на наставниот материјал, но и проширување на знаењата од предметите од одделенската настава. За љубопитните „паметковци“, едукаторите имаат бесконечни одговори на нивните прашања. Знаењето најлесно се совладува преку игра, а центарот располага со мноштво дидактички помагала кои го окупираат вниманието на „умните глави“.
  3. Математика (одделенска настава 1-5 одд.) – два пати неделно (претпладне – попладне) центарот нуди помош во совладувањето на наставниот материјал. Се работи во мали групи 5-7 деца на кои им се посветува целосно внимание. Идеално за стекнување на работни навики и вештини, кои би им служеле во текот на целиот живот. Да научат како се учи! Тоа е мотото кое води до успехот.
  4. Природни науки (одделенска настава 1-5 одд.) два пати неделно (претпладне – попладне) центарот овозможува помош во совладување на наставниот материјал и го следат нивното напредување во стекнувањето на нови знаења. Се работи во мали групи, на кои им се посветува целосно внимание.
  5. Математика (предметна настава 6-9 одд.) еднаш неделно (по часови 13.00 и 14.30 часот) во времетраење од 90 минути центарот овозможува помош во совладувањето на наставниот материјал. Стручни едукатори – математичари работејќи во мали групи до 5 деца, во пријателска атмосфера и со употреба на современи нагледни средства и дидактички материјали, ќе го поткренат нивото на знаење. Подготвени да го следат наставниот материјал во текот на целата учебна година, ќе се трудат да го подобрат успехот на вашите најмили во училиште. 
  6. Природни науки (физика, хемија, биологија) (предметна настава 6-9 одд.) еднаш неделно (по часови 13.00 и 14.30 часот) во времетраење од 90 минути се нуди помош во совладувањето на наставниот материјал. Едукаторите го следат напредокот на учениците во совладувањето на нови знаења, во текот на целата учебна година.
  7. Математика (средно училиште) – еднаш неделно (10.30 – 12.00 ч. претпладне или 14.00-15.30 и 15.30-17.00 попладне) во времетраење од 90 минути, едукативниот центар овозможува помош во следењето на наставниот материјал. Целта на оваа програма е усовршување на наставниот материјал, подобар успех и подобри оценки во училиште. Високо едуцирани професори со помош на модерни нагледни средства и во пријателска атмосфера со работа во мали групи до 5 деца, го совладуваат испуштениот или нејасниот наставен материјал.
  8. Физика (средно училиште) – еднаш неделно (10.30 – 12.00 ч. претпладне или 14.00-15.30 и 15.30-17.00 попладне) во времетраење од 90 минути, центарот овозможува помош во следењето на наставниот материјал.
  9. Хемија (средно училиште) – еднаш неделно (10.30 – 12.00 ч. претпладне или 14.00-15.30 и 15.30-17.00 попладне) во времетраење од 90 минути, се нуди помош во следењето на наставниот материјал.
  10. Биологија (средно училиште) – еднаш неделно (10.30 – 12.00 ч. претпладне или 14.00-15.30 и 15.30-17.00 попладне) во времетраење од 90 минути, едукативниот центар овозможува помош во следењето на наставниот материјал.
  11. Доедукација на наставници – центарот овозможува курсеви и работилници кои би им помогнале на наставниците во нивните секојдневни обврски во текот на наставниот процес.

Програма – Работилница за наставници на кои им е потребна поддршка во наставниот процес за предметите кои се работат според Cambridge програмата (математика, природни науки). Овие работилници ќе ги држат авторите на учебниците и збирките, како и професори од факултет, кои од прва рака ќе ги проследат нивните замисли и искуства околу предавањето на овие наставни програми. Се работи за следење на тематските едници според наставната програма. 

Програма – Работилница за наставници по предметот Работа со компјутери и основи на програмирање. Се следат тематските единици според наставната програма, овозможувајќи им на наставниците поквалитетна работа со своите ученици. 

  1. Саботно згрижување – Забрзаниот начин на живот наметнува зголемени обврски не само во текот на работната недела, туку и во деновите на викендот. Доколку родителите имаат неодложни обврски за извршување, а воедно сакаат нивното дете да помине неколку квалитетни часови, едукативниот центар „Арс Ламина“ е изборот. Вештите едукатори преку осмислена забава и креативна игра остваруваат поинаков вид едукација на децата. Целта е преку забавни содржини да се релаксираат децата од училишните обврски, а сепак ненаметливо да стекнаат едно поинакво знаење. Социјализацијата со нивните врсници овозможува поголема самодоверба кај децата и подготвеност за преземање обврски. Некои работи не се учат во училиште: магионичарски трикови, кујнски експерименти, драматизација на басни и бајки, креативни работилници, социјализација, бон-тон преку игра, се само дел од планираните активности. Секоја сабота од 10.00 до 13.00 часот.
  2. Подготовка за државна матура – математика, природни науки (физика, хемија, биологија) информатика, македонски јазик, англиски јазик. Курсевите се одржуваат континуирано цела учебна година по еднаш неделно (сабота) во времетраење од 90 мин со почеток од 13.00 – 14.30 часот.
  3. Јазични курсеви – англиски, германски, француски јазик и албански јазик во соработка со училиштето за странски јазици „Чекор по Чекор“ („Step by Step“), каде курсевите по англиски јазик за деца од 4-10 години се одвиваат по сертифицирана програма од Англија, Wattsenglish, а за сите останати по програмата Cambridge.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s