Книга на лежалка во Охрид, НЕ

Многумина го препознаваат како медиумски лик, а малкумина како екологист и активист. Во матичниот град тој е основач на две здруженија, „З‘ш точак“ и „З‘ш авантура“, за да го искусите поинаквиот Охрид. Муабетот за неговата библиотека, го редевме како ѓомлезе, за сè она што е Жанко Голабоски. Жанко, подреди ги поимите според нивната битност во твојот живот: езеро, планина, велосипед, литература, и зошто?

Планината пред сè. Единствено место каде што си свој, исполнет, место каде што уживаш слушајќи ја тишината. Планината е медитација во движење. Често велам, „Движи се, за да не заборавиш да одиш“. Втор на листата е велосипедот, како друмски, така и планински. Потоа е литературата, па езерото. Да сумирам, за уживање е планината, а за личен развој е литературата.

Актер-аматер, радио и ТВ водител и човекот од кафе „Аквариус“, што од ова е најмногу Жанко?

Театар, радио, ТВ, „Аквариус“, тоа е исто како да ме прашате кое од четирите деца најмногу го сакам. И нормално, ќе ви кажам, сите. За себе мислам дека е неможно да ме опишеш, туку треба да ме доживееш (тие што ме познаваат, знаат за што зборувам). Инаку, сите горе набројани работи се длабоко поврзани во мене бидејќи се работи за љубов. Јас сум еден од ретките што успевам да го работам тоа што го сакам и тоа ме прави многу среќен, бидејќи тоа не е работа туку уживање.

Дали постои книга или автор кој оставил силен белег на тебе, да бидеш она што си денес?

Постојат автори и книги, но еден од нив е Чехов. Инаку јас мислам дека секоја прочитана книга има влијание и ме направила тоа што сум. Но, „Ние децата од железничката станица ЗОО“ од Кај Херман и Хорст Рик.

Што читаш? Кога читаш? Како читаш?

Читам од сè по малку, во зависност од расположението и од период во животот. Во моментов читам за планинарење, стручна и биографска литература, а на половина сум од книгата на планинарот Здравко Дејановиќ, „Како го искачив К2“. Сакам да читам дома во мир, без врева, во тишина и тоа навечер пред спиење.

„Фајронт во Сараево“ избор книга на Жанко Голабоски

Читам од сè по малку, во зависност од расположението и од период во животот. Во моментов читам за планинарење, стручна и биографска литература, а на половина сум од книгата на планинарот Здравко Дејановиќ, „Како го искачив К2“. Сакам да читам дома во мир, без врева, во тишина и тоа навечер пред спиење.

На која плажа во Охрид најраат се чита?

Плажа и читање книга, не ми оди некако, со исклучок на дивите, тивки плажи накај Трпејца и Љубаништа. Не можам да замислам читање на лежалка со 100 луѓе околу тебе и гласна музика. Лежалка и книга в раце не ми оди во комбинација на охридскиве модерни плажи, а има такви позер(к)и. Сепак, книгата бара спокој, читајќи да ја впиеш во себе, да си дел од неа. Магија.

Кој писател најсоодветно може да го долови Охрид и каква книга би напишал за него?

Уф, какво прашање… Охрид – вечна тема, неисцрпна инспирација. Но, ако пишува некој мештанин, ќе ја отслика тажната вистина за Охрид, па затоа подобро книгата да ја напише некој од страна, тој ќе ги воспева убавите нешта и доживувања кои Охрид може да ги понуди.

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ до крај?

Последна книга која ме остави без здив, која ја проголтав како еден залак и ме остави без сон е „Читачот“ од Бернхард Шлинк. Напната, филозофски елегантна и морално комплексна книга.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Фајронт во Сараево“ од д-р Неле Карајлиќ.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s