Интересни факти за Шерлок Холмс

Детективот создаден во бујната фантазија на шкотскиот автор и лекар, сер Артур Конан Дојл, е роден во 1887 година во приказната Студија во светлоцрвено. Со шеесет разрешени случаи и со ист број прозни дела, стекна слава која не спласнува ни 130 години подоцна. Овој егоцентричен чудак, самотник со неверојатен ум, со карактеристики што го дефинираат како антихерој, а не како јунак, постојано одново ги интригира, како авторите кои го реинтерпретираат неговиот лик и дело, така и публиката која со голема возбуда ги следи Холмсовите зафати.

Иако нам ни се чини дека знаеме сè за Шерлок Холмс, со вас ги споделуваме помалку познатите факти за него и за неговиот творец.

  1. Шерлок Холмс првобитно се викал Шеринфорд.

Сер Конан Дојл подоцна го преименувал својот познат детектив во Шерлок, инспириран од еден играч на крикет, познат во тоа време. Инаку, Дојл бил голем љубител на крикетот, дури и основал свој клуб составен од познати книжевни имиња. Тоа е најнеуспешниот тим во историјата на крикетот. Конан Дојл не успеал да ги научи своите колеги и соиграчи дури ни на најосновните правила на игра.

  1. Првата приказна за Шерлок Холмс била фијаско.

Познатиот детектив својата премиера ја имал во новелата Студија во светлоцрвено. Приказната ја напишал Конан Дојл на 27 години за само три недели. Како инспирација за создавање на ликот на Шерлок му послужил Дојловиот професор од факултет Џозеф Бел кој можел само со еден поглед да им ја дијагностицира болеста на пациентите. Подоцна, кога Радјард Киплинг му честитал на Дојл за успехот на неговиот јунак, го прашал дали се работи за неговиот стар пријател доктор Џо. Големо влијание во креирање на ликот на детективот има и фиктивниот детектив Август Дупин кој се појавува во две новели на Едгар Алан По. Ракописот од Студија во светлоцрвено бил одбиван од многу издавачи, додека на крај не го прифатила една мала издавачка куќа, која дотогаш објавувала книги за кулинарство и домаќинство. Тиражот не поминал добро, а набрзо паднал и во заборав.

  1. Втората приказна е последица на вечерата со Оскар Вајлд.

Еден од ретките на кого му се допаднала новелата Студија во светлоцрвено бил Џозеф Стодарт, уредник на списание. Тој на една вечера го убедувал Конан Дојл да започне одново со пишување приказни за Шерлок Холмс коишто потоа ќе може да ги објави во списанието. На таа вечера присуствувал и Оскар Вајлд, кој исто така се согласил да напише една новела за списанието на Стодарт. Сликата на Доријан Греј е објавена истата година кога и Знакот на четворицата.

  1. Шерлок Холмс никогаш не ја носел својата прославена капа.

Кога авантурите на Шерлок Холмс почнале да се издаваат во списанието „Стандард“ овој фиктивен детектив станал глобална сензација. Приказните ги илустрирал Сидни Паџет кој го цртал Шерлок со ловечка капа секогаш кога одел да ги решава случаите надвор од Лондон. Читателите сметале дека Шерлок ја носи капата постојано, како во град така и на село, а во приказните на Дојл капата воопшто не е ни спомената.

 

  1. Шерлок Холмс е книжевен лик кој се појавува во најмногу филмови.

Тој се појавува во 226 филмови, а го толкуваат десетина актери. Но, ако ги сметаме и јунаците кои не се луѓе, тогаш грофот Дракула се појавува во најмногу филмови. Досега се снимени 566 филмови и серии за овој гроф крвопиец. Шерок Холмс во оваа трка го претставува реалното, а не имагинарното.

  1. Шерлок Холмс никогаш не изговорил: „Елементарно, драг мој Вотстоне“.

Барем не во делата коишто ги напишал сер Артур Конан Дојл. Холмс ги изговарал и „Елементарно“ и „Драг мој Вотсоне“, но никогаш заедно.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s