Сакам да им помагам на невините луѓе

Со гордост ви го претставуваме авторот на возбудливите приказни за најпознатиот фиктивен детектив на сите времиња: Шерлок Холмс. По долго патување назад во времето, во деновите кога Џорџ Петти владеел со Британската Империја, ние ќе зачекориме во собата во која еден од најголемите писатели на британската книжевност нè чека, сер Артур Конан ДојлГодината е 1912-та; „Титаник“ само што потона, капетанот Роберт Ф. Скот го напиша последниот запис во својот дневник, „крајот не може да биде далеку“, пред неколку недели на Јужниот Пол, Лондон со своите 6,5 милиони жители е центарот на светот, а сер Артур Конан Дојл само што ја објави Изгубениот свет. Оваа интересна приказна е за четворица мажи кои откриваат висорамнина населена со диносауруси и луѓе-мајмуни во јужноамериканската џунгла. Но, иако Изгубениот свет е класика и многу писатели се инспирирани од ова уметничко дело, писателот кој ние сега ќе го интервјуираме е попознат по своите приказни за светски познатиот Шерлок Холмс.

Собата е мошне мала, има разни правливи книги во сите бои, форми и големини, наредени во викторијанската витрина од махагон, што е веднаш до фотелјата во која нè чека сер Артур Конан Дојл. Веднаш до фотелјата има маса со квалитетно вино, а токму пред нас, со своите бујни бели мустаќи и пријателски изглед, е сер Артур Конан Дојл.

Мило ми е што се запознавме, сер Артур Конан Дојл.

И мене ми е мило. Но, ве молам, викајте ме Артур. Точно е дека во 1902 година кралот Едвард Седми ме прогласи за витез по заслуга што ја напишав Војната во Јужноафриканската Република, во која го бранев однесувањето на нашите војници во борбите против Боерите, но готов бев да одбијам да ме прогласат за витез, бидејќи сметав дека не треба да добијам таков посебен третман за тоа што си ја вршев должноста, како и секој британски граѓанин. Но, на крајот, мајка ми ме убеди да прифатам.

Мајка ви? Дали велите дека сте задржале добри односи со мајка ви?

Да, навистина. Отсекогаш сме имале добра разбирачка. Видете, уште од моето раѓање во 1859 година имав многу тешко детство, бидејќи татко ми беше алкохоличар, кого подоцна моравме да го затвориме во душевна болница. Меѓутоа, мајка ми водеше одлична грижа за мене и за моите браќа и сестри. Знаеше да ни раскажува приказни за витези во светкави оклопи, чесни дами во неволи, а навистина ја биваше за раскажување приказни.

Впрочем, јас сум крстен по кралот Артур, легендарниот средновековен владетел на Британците. Многу е веројатно дека ваквите приказни подоцна ме инспирираа да станам писател. Ја напишав првата приказна кога имав само шест години.

И оттогаш не сте престанале да пишувате секакви интересни приказни, романи и кратки раскази.

Не баш. Сум бил многу нешта, освен писател, а дури во 1891 година целосно се посветив на писателството. Бев војник, новинар, лекар, дури и китоловец.

Пред да навлезете во писателското искуство, ве молам раскажете ни за различните работни места на кои сте биле.

Првично студирав за лекар на Универзитетот во Единбург, а дури и одев на практика неколку години. Но, пред да се стекнам со титулата лекар, веднаш откако ја завршив третата година од студиите по медицина, работев како бродски хирург на еден китоловец. Два месеца ловевме фоки покрај крајбрежјето на Гренланд, а дури се упативме и на север во потрага по китови. А што се однесува до моето искуство како војник, служев во Боерската војна како постар лекар во една теренска болница. Како што реков пред неколку минути, две години откако заминав од Јужноафриканската Република. Напишав памфлет во кој го бранам начинот на кој моите сонародници патриоти ја водеа војната.

Сега, кога знаеме за вашето неписателско искуство, ве молам кажете ни за вашиот најпознат лик: Шерлок Холмс? Од кого е инспириран?

Ликот е инспириран од еден од моите универзитетски професори: д-р Џозеф Бел, работев многу блиску со него и забележав дека тој е способен да извлече огромен број информации од само еден поглед кон пациентот.

 

Како почна сето тоа? Сакам да кажам, сите тие приказни во врска со познатиот детектив кој живее во Лондон на 221 Б, улица „Бејкер“?

Ја напишав „Студија во алово“, мојата прва приказна за Шерлок Холмс, во 1886 година, за само три недели. Следната година беше објавена во годишникот „Битон Крисмас“. Во оваа приказна се опфатени Шерлок Холмс и неговиот пријател и колега д-р Вотсон пред општата јавност, д-р Вотсон е „личниот Босвел“ на Шерлок Холмс и е нараторот на неговите приказни.

Подоцна, за време на првата половина од илјада осумстотини и деведесеттите, ја напишав „Авантурите на Шерлок Холмс“ и „Мемоарите на Шерлок Холмс“ за списанието „Странд“: „Скандал во Бохемија“, „Мистеријата во долината Боскомб“, „Петте портокалови семки“, „Авантурата на издамканата дружина“, „Авантурата на Копер Бичес“.

„Долината на стрвот“ на Артур Конан Дојл е преведен на македонски јазик од издавачката куќа Арс Либрис

…Но по многуте приказни за Шерлок Холмс, почнав да се заморувам од пишување мистерии и навистина сакав да пишувам историски романи.Тогаш, што направивте?

Иако моите приказни беа многу успешни, сепак решив да му дадам трагичен крај на Шерлок Холмс. Во „Авантурата за конечниот проблем“, објавена во 1893 година, детективот умира на водопадите Рајхенбах во Швајцарија. Тој, заедно со својот архинепријател, професорот Моријати, паѓаат од една карпа и исчезнуваат. Претходно истата година ја посетив Швајцарија и помислив дека е погодно место да ставам крај на неговиот живот. Место што прилега за смртта на еден великан со талентот, остроумноста и решителноста на Шерлок Холмс.

Како реагираа луѓето на смртта и крајот на Шерлок Холмс?

Можеби згрешив. Не знам, но за волја на вистината, списанието „Странд“ изгуби 20.000 претплатници и луѓето многу се разгневија.

И тоа беше крајот на најпознатиот детектив во светот, така?

Не баш, во 1902 година ја напишав „Загарот на Баскервилови“, во кој вметнав една од приказните за Шерлок Холмс, пред инцидентот во Рајхенбах. Приказната постигна огромен успех, списанието „Странд“ го зголеми тиражот за 30.000 примероци, а јас продолжив да пишувам приказни за Шерлок. Всушност, во „Авантурата на празната куќа“ го оживеав Шерлок Холмс, наведувајќи дека ја измамил смртта со тоа што се фатил за една карпа пред да се струполи долу во дивите води на водопадите Рајхенбах. Лани ги објавив „Црвениот круг“ и „Лејди Френсис Карфакс“.

Артур, се надевам дека нема да ви пречи ако ви поставам неколку полични прашања?

Ни најмалку, мојот живот е отворена книга за вас, ха, ха… простете за играта на зборови.

Добро, сакав да ве прашам дали некогаш сте биле вљубени.

Стар пријателе, сум љубел многу повеќе одошто би очекувале од еден писател со бели мустаќи и сериозен изглед, роден во деветнаесеттиот век во Шкотска.

Во 1885 година го сретнав Џек Хокингс, кој боледуваше од менингококен менингитис. И иако деновите му беа изброени, сепак решив да му помогнам нему и на неговото семејство колку што можам. Џек почина, а сестра му Луси и јас се вљубивме. Се согласувавме мошне добро, се венчавме и имавме две деца. Но, животот понекогаш е суров кон нас и во 1893 година на Луси ѝ открија туберкулоза.

Поради таа причина решивме да се преселиме во Давос, Швајцарија, каде што помислив дека ќе ѝ се подобри здравјето. Токму таму ги посетив водопадите Рајхенбах. Во Швајцарија научив да скијам, спорт што речиси никој во Алпите не го применува, но за кој сум сигурен дека еден ден ќе биде многу популарен, слушајте што ви велам. Како и да е, во тоа време беше тешко човек да живее толку далеку до дома. Најпосле решивме да се преселиме во Сари, каде што климата беше исто така погодна за луѓе што страдаат од туберкулоза.

По нејзината смрт западнав во тешка депресија, но со текот на времето закрепнав и се оженив за Џејн во 1907 година.

Според тоа што го рековте, ние откривме дека вие сакате и скијање. Имате ли и некои други хобија?

Можеби ќе ви се чини чудно и не знам дали би можело тоа да се смета за хоби, но сакам да им помагам на невините луѓе кои судот ги осудил неправедно. Пред неколку години му помогнав на Џорџ Едалџи, чијшто татко е Парси Индиец. Џорџ беше неправедно обвинет за осакатување домашни животни. Откако и јас самиот сработив малку детективска работа, собрав информации да му помогнам на Џорџ да си го обели името.

Моментално му помагам на друг човек по име Оскар Слејтер, кој е обвинет за убиство, но јас сум убеден дека тој е невин. Сите докази што ги собрав јасно укажуваат дека тој не е одговорен за ничија смрт и јас ќе продолжам да се борам да го извлечам од затвор (во моментот на интервјуто сер Артур Конан Дојл не знае дека во 1927 година Оскар Слејтер ќе биде ослободен).

Е па, господа, ви раскажав за мојата работа, дури и за мојот приватен живот. Сега морам да заминам, бидејќи ми треба време да напишам одговор на една статија напишана од Џорџ Бернард Шо и објавена во „Дејли њуз“ и „Лидер“. Тој човек целосно полудел! Зарем ви се верува дека напишал есеј во кој го напаѓа кутриот капетан Смит, смелиот морепловец кој неодамна потона со „Титаник“? Тој човек е херој, потона со својот брод и заслужува подобар третман.

Ние заминавме од просторијата со едно брзо и пријателско „ви благодарам за времето, Артур“ и додека одевме кон нашиот времеплов, забележавме дека нашиот добар пријател Артур веќе се беше фатил за работа, пишувајќи ја статијата што ќе биде објавена по неколку денови.

Не можев да престанам да размислувам за тоа што претстоеше во животот на сер Артур Конан Дојл, работи што во моментот на интервјуто ја веќе ги знаев, но нему не му паѓаа ни на крај памет; смртта на едниот негов син во Првата светска војна, пријателството со американскиот магионичар Хари Худини, можноста да го види Изгубениот свет на филмскиот екран во 1925 година и конечно својата смрт во 1930 година. Пред да почине од срцев удар, Артур Конан Дојл рече, „читателот ќе пресуди дека сум имал многу авантури. Најголемите и највеличествените од сите допрва ме чекаат“.

Извор:

http://www.feelbook.es/documents/Sholmes.pdf

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s