Избор на двојник на Хемингвеј

Повеќе од 150 крупни и брадести мажи се собраа на натпреварот во Кивест на Флорида, каде што по повод роденденот на писателот Ернест Хемингвеј, традиционално се избира неговиот двојник

 

Секое лето во Кивест е резервирано за годишното натпреварување во барот „Слопи Џос“, место што Хемингвеј често го посетувал во текот на триесеттите години на минатиот век, додека живеел на Флорида.

Фестивалот „Денови на Ернест Хемингвеј“ ја слави силата, стилот и литературното наследство на познатиот писател, а натпреварот за двојник на Хемингвеј ги обединува средовечните мажи кои облечени во спортска облека каква што носел Хемингвеј се обидуваат да ја освојат титулата „папа“ Хемингвеј.

Оваа година, по седум последователни обиди, тоа му успеа на белобрадиот Тексашанец Ричард Филип (71).

„Ернест Хемингвеј го чувствувам како да ми е брат од различна мајка. И јас сум риболовец, ловец, пијам многу… понекогаш помалку, па потоа малку повеќе…“, изјави пензионираниот продавач на недвижнини.

Победникот на овој натпревар го одбира жири-комисија составена од поранешни победници-двојници.

Инаку, фестивалот „Денови на Ернест Хемингвеј“ е составен од литературни читања, тридневен натпревар за избор на двојник на Хемингвеј и комеморација и одбележување на 118-тиот роденден на Нобеловецот и добитникот на Пулицеровата награда.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.