Деца и младинци на власт

Откријте како германските и француските деца и младинци ќе одиграат изненадувачка улога во годинешното составување на програмата.

Програмите за книги за деца и младинци се еден од камен-темелниците на изложбата Почесни гости – Франција. За потребите на програмата, оваа година Почесни гости – Франција овозможува да се чуе гласот на целната публика, со тоа што им дозволува да ја одиграат водечката улога во обликувањето на програмата. Силвија Васаљо, книжевна советничка од Франкфурт на француски, за книги за деца и младинци, ни дава увид во тоа како би изгледала целата работа кога ќе биде завршена.

Силвија Васаљо, книжевна советничка од Франкфурт на француски, за книги за деца и младинци

ФБМ: Г-ѓо Васаљо, како книгите за деца и младинци на француски јазик ќе бидат претставени на Саемот на книга во Франкфурт?

Силвија Васаљо: Ние сакаме младата германска публика да понесе нешто од саемот, од книгите и од гостите-уметници. Затоа ги покануваме сите да учествуваат и да соработуваат со учениците од француското средно училиште „Виктор Иго“ во Франкфурт, чиишто ученици се таму да ги договараат средбите со авторите на книгите за деца и младинци.

Книжевноста за деца и младинци на француски јазик се презентира на интерактивен и игрив начин. Децата и младинците ќе одиграат значајна улога во програмата и активно ќе учествуваат во презентирањето на најдоброто што книжевноста за деца и младинци може да го понуди. Ние работиме заедно со француското средно училиште „Виктор Иго“ во Франкфурт за учениците да посредуваат со разговорите и средбите на малата сцена. На сцената тие дури ќе им поставуваат прашања на авторите и ќе ја водат дискусијата и – се разбира, ќе ја вклучат публиката.

Предвидено е големата изложба да биде искусена на разни начини – на пример, преку турнеи со водичи, како и преку игриви и интерактивни инсталати за разоткривање, користејќи печати и музички апликации. На тој начин младата публика ќе може директно да експериментира со книжевноста за младинци на француски јазик.

Најпосле, веб-серијата Miroirs е друг пример за тоа како ние сакаме книжевноста за младинци да биде подостапна за младата публика. И возрасните и младите читатели се прикажани во серијата, а посетителите на изложбата ќе можат да изберат за чиј приказ да научат повеќе.

ФБМ: Можете ли да ни дадете подетален преглед на програмата што се планира за Франкфурт?

Силвија Васаљо: Згора на турите со водичи и виртуелните работилници од големата изложба, програма со различни активности е предвидена за малата сцена на францускиот павилјон. Целта на оваа програма е да се прикаже разновидноста и посебноста на книжевноста за деца и младинци на француски јазик, откривајќи ја поврзаноста меѓу книжевните светови и жанрови.

  1. Писателски тимови.

За време на саемот ќе има мешани средби од сите видови и на сите теми со деца, младинци и автори на стрипови, како и со книжевни ликови. Учениците од француското средно училиште „Виктор Иго“ ќе ги договараат ваквите средби.

  1. Часови по мајсторство.

Писателите ќе објаснат малку за тоа како функционира креативниот процес, поддржани со слики и илустрации. Кои креативни техники ги користат? Кои се специфичностите на нивните дела? Писателите ќе го кренат капакот и ќе ги разоткријат своите тајни…

  1. Преведувачки работилници

Овие работилници се фокусираат на книжевноста и на предизвиците да се преведува на германски или на англиски јазик. Како би го пренеле тоа „одредено посебно нешто“ од некој текст на друг јазик? Каде има простор за субјективност во преводот? Работилниците опфаќаат извадоци од текстови што учениците од француското средно училиште „Виктор Иго“ однапред ги подготвиле. Потоа, учениците ќе разговараат за своите преводи со авторот на оригиналниот текст.

Извор:

https://countdown.buchmesse.de/en/latest-issues/stories-2017/children-and-young-adults-in-power/

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s