Милениумци, генерација која чита книги

Следниот пат кога ќе видите тинејџер, задлабочен во својот телефон, немојте да претпоставувате дека губи време, пишувајќи пораки или „дреме“ на „Фејсбук“, бидејќи голема веројатност е дека ужива во некој роман-трилер или можеби ја користи апликацијата „Хукт“ (Hooked), наменета за млади од 13 до 24 години, која возбудливите приказни ги нуди во форма на СМС-пораки.Откако е пуштена на пазарот во 2015 година, апликацијата „Хукт“ е симната речиси два милиони пати и неодамна стана најпопуларна е-книга апликација за уредите што ја користат ИОС-платформата. Ова достигнување го следи истражувањето што докажува дека милениумците читаат многу повеќе од постарите генерации и повеќе сакаат печатени книги од е-книгите.

Податоците од истражувањето покажуваат дека, иако издавачката индустрија е во транзиција, ги следи технолошките трендови, промените и навиките на читателите, не постои опасност од губење на печатените формати или, пак, тие да го отстапат местото на дигиталните.

Спротивно на врежаното верување, милениумците читаат повеќе од постарите генерации, односно тие читаат повеќе од претходната генерација на нивни години.

Според анкетата што ја спроведе „Пју рисрџ центар“ (Pew Reserch Center), читачите од 18 до 29 години, статистички најмногу читале книги во текот на изминатата година, дури 80% од нив. Потоа следуваат старосните групи од 30 до 48 години, 73% од 50 до 64 години и повозрасни 67%. На прашањето зошто читаат книги или која било пишана содржина како блогови и магазини, милениумците даваат најконкретни одговори, читаат поради работа, училиште, истражувања, но многу често се провлекува и одговорот „од задоволство“ или „за да бидам во тек“.

До слични резултати дојде и НЕА (National Endowment of the Arts).

Извештајот на НЕА, од пред неколку години, потврдува дека од 2002 година расте бројот на младите кои читаат литература, односно расте од моментот кога милениумците научиле да читаат.

Читателите денес имаат многу полесен и поголем пристап до пишаниот збор благодарение на интернетот, меѓутоа печатените книги останаа најпопуларниот формат кај различните возрасти на луѓе. Минатата година 72% Американци читале печатени книги, засенувајќи ги комплетно е-книгите со 35% и аудиокнигите со 16%, а според истражувањето на „Пју рисрџ центар“, само околу 6% од тринаесетгодишниците и повозрасните читаат е-книги.

Анкетата меѓу студентите покажува дека 92% од нив повеќе сакаат печатен материјал. Ако цената на дигиталниот и печатениот материјал е идентична, 80% од нив би ја избрале печатената верзија. Дури и милениумците од 6 до 17 години повеќе сакаат печатена верзија на книга.

Продажбата на книги ги потврдуваат овие истражувања. Порастот на продажбата на е-книгите од 2014 година стагнира. Во првата половина на 2016 година продажбата на дигиталните изданија на фикции и фикции за тинејџери падна за 18%, односно 35%, што претставува најголем пад на продажба на кој било формат.

Во меѓувреме, продажбата на тврдовкоричените и мековкоричените печатени книги за деца и тинејџери продолжува да расте. Од 2005 година, пазарот на книги за деца и млади е пораснат за дури 40%. Успехот на книжевноста за млади може да се препише на мешовитата популарност, книгите за млади често ги читаат и постарите, сепак основата на читачката публика се љубителите на книжевноста под 30 години, наведува агенцијата за истражување „Нилсен“. Бестселерите меѓу книгите за млади истовремено го отсликуваат животот на младите, ги образуваат и културно ги збогатуваат читателите.

И покрај големиот синџир на книжарници како „Барнс и Нобл“ (Barnes & Noble), кои и понатаму го држат приматот, прометот во независните книжарници е пораснат за 21% од 2010 до 2015 година. Сопствениците на тие книжарници велат дека порастот ѝ го должат на подобрената услуга, односно купувачите на книги сакаат интеракција. „Купувачите доаѓаат во мојата книжарница затоа што сакаат повеќе од книга за поволна цена“, вели сопственикот на книжарница на Менхетн, за „Вол стрит журнал“. „Сакаат да бидат поздравени, да се почувствуваат како дел од заедницата и се стремат кон квалитетна културна содржина.“

Но, како книгите успеваат да одолеат на дигиталното цунами, што ги опфати сите други индустрии? Поголем дел од читателите сметаат дека обичните книги се многу подобри до дигиталните, во секој поглед. Професорот и автор Наоми Барон вели: „Кај читањето постои тактилна, кинетичка компонента, што не постои кај е-книгите“. Тој импулс ги води читателите да ја посетат локалната книжарница, наместо да порачуваат книги од „Амазон“. Најголема предност на е-книгите се ниската цена и преносливоста, но тоа не се доволни за да ги натераат читателите да се откажат од старите добри книги.

Треба да се има на ум дека младите консумираат големи количества текст во електронска форма преку социјалните медиуми, блоговите, статиите, онлајн-магазините и апликациите, како што е „Хукт“.

 

Анализата на „Пју рисрџ центар“ открива дека милениумците кои следат вести, попрво ќе ја прочитаат содржината на тие вести (49%), отколку да ја гледаат (38%) или само би ја слушале (19%), споредбено со која било друга генерација. Но, поголем дел од нив до тие вести доаѓаат преку интернет (81%). Иако во овој момент тие не се откажуваат од традиционалниот формат на книга, милениумците полека сепак се наведнуваат кон таблетот и телефонот.Што значат овие статистики за издавачката индустрија?

Антикварните книжарници и понатаму се соочуваат со тешкотии. Прометот во тие книжарници од 17 милијарди во 2007 година, падна на 11 милијарди во 2015 година. Но, иако разликата е голема, сепак треба да се биде оптимист, бидејќи прометот, и покрај постојаниот пад, сепак порасна во 2014 година. Заклучокот е позитивен, побарувачката можеби варира, но милениумците се читатели кои бараат одредено доживување што може да го понуди само печатената книга. Не е сè во сликите и во видеата, еднакво, ако не и повеќе има нешто и за пишаниот збор.

 

Извор:

https://www.forbes.com/sites/neilhowe/2017/01/16/millennials-a-generation-of-page-turners/#551224cb1978

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s