Литературата ми е лута, не „голтам“ книги како порано

За него музиката и литературата се двете константи во формулата на креативноста. Со нив е во еднакво долга љубов, но со различен интензитет зависно од животните предизвици. Сака книги во „хард-копи“, со добар превод и доволно време за „голтање“ книги. Ова е библиотеката на Петар Младеновски – Пеце.

Пеце, подреди ги поимите според нивната важност во твојот живот: музика, литература, фудбал?

Секако музиката, која би одела некако паралелно со литературата, па на крај фудбалот (иако знам дека делувам фанатично кога станува збор за фудбалот, сепак е само забава.😀) А, музиката оди паралелно со литературата затоа што оваа формула помага многу во креативните моменти. Ако си добро упатен во музичките стилови и си „наслушан“ (секако треба да се има и слух за истата😀) и во исто време имаш доста прочитано (било поезија или проза), тогаш продуктивноста е двојна, а самата комбинација те исполнува во многу аспекти.

Дали постои песна на „Суперхикс“ инспирирана од книга или автор?

Имав одамна напишано една песна која, за жал, никогаш не ја реализирав, а во која одеа некакви стихови од типот „Ех да беше жив Гогољ, па да видеше како мртвите души, пак ги продаваат…“ и беше директно инспирирана од ова негово дело. Инаку во „Неважни нешта“ од нашиот прв албум оди исто така стихот „Зборуваше за неважни нешта… за некој си Кафка и колку тој значел“.

Имаш завршено руски јазик, па каков однос имаш кон преводите на македонски јазик?

Мислам дека преводите на руските дела на македонски се сосема коректни, иако во исто време мислам дека во минатите декади многу повеќе се внимавало на истото. За жал, мислам дека и намалувањето на катедрата по Славистика (ова е мој личен впечаток) и продуцирањето недоволен и не толку квалитетен број кадри кои би требало да се занимаваат со оваа работа (преводи, лекторирање и слично) си го прави своето.

Што читаш? Кога читаш? Како читаш?

Морам да признаам дека последниве години не сум за „преодна“ и литературата сигурно ми е многу лута (кога ќе се сетам како сум „голтал“ по стотици страници некогаш, сега сум далеку од таа форма). Читам ама баш сè што ќе ми падне во рака, а ми делува интересно. Тоа е секако само и само кога имам време, а тоа е многу ограничено. Еве, меѓу последните би ги споменал „Музика и муабети“ на Ненад Георгиевски, „Како дедо ми доскија до Финска“ на Даниел Кац, „Биографијата на Лионел Меси“ од Лука Кајоли, „Едно место во светот“ на Фабио Воло, новото продолжение на „Вулканските Беседи“ на мојот драг чичко Панче Младеновски, никогаш прежалените Лермонтов, Јесењин… и секако препрочитување на Достоевски, Толстој, Гогољ, Чехов… Инаку, сето во „хард“ варијанта. „Киндл“-от не е „мој тип“.😀

Дали постои книга која направила пресврт во твојот живот?

Ерленд Лу – „Наивен, супер!“ Мислам дека ја добив за подарок еден мој роденден пред многу години и сè имаше своја симболика. И насловот (мислам дека ми легна за тој период од мојата младост) и содржината и сета филозофска матрица, комичност, романсичност и нихилистичност, некако ме натераа повеќе да размислувам за тоа, каде одам јас во мојот живот и што точно сакам.Кој лик од книга во одреден период од животот влијаел на твоите ставови и начинот на размислување?

Освен главниот протагонист од гореспоменатово дело, иако звучи можеби чудно, вториот лик би бил Раскољников од „Злосторство и казна“. Неговите морално-филозофски-религиозно-атеистични размисли се безвременски и секаде и во секој систем актуелни. Дали човек може да премине преку правилата кои ги наметнува системот, а за кои се смета дека се можеби направени и само заради самиот систем (макар било направено и злосторство), за да се направи индивидуално или колективно добро на оние на кои им е потребно? Дали системот со сите негови правила и закони е изграден така за да им помогне на сите или само на посилните? Која реакција е оправдана, а која не? Мисли што не упатуваат, а можете многу лесно да ги поврзете со некои актуелни случки во последно време и во регионов и кај нас дома. 😀

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ до крај?

Периодот на „голтање“ книги од почеток до крај заврши одамна, од едноставна причина што семејните и професионални обврски едноставно не ми оставаат ни еден единствен ден во кој би можел да одвојам часови за такво нешто. Но, еве нека бидат тоа „Вулканските Беседи“ на чичко ми. Стихови полни со оригиналност во изразот кои ги голтав како локуми…

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Пред да кажам, сакам да им честитам на моите драги Тако и Гала Таковски за одлично завршената работа во „Тато, имаме приказна!“, а како гооолем фан на „Монти Пајтон“ и целата таа екипа, би сакал да ја имам „И така ви велам…“ на Џон Клиз.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s