Сакате да станете подобра личност? Ако одговорот е потврден, тогаш размислете да прочитате некоја книга. Според студијата што ја спроведе лондонскиот универзитет „Кингстон“, ако редовно читате ќе бидете пољубезен и почувствителен.Тестирани се 123 учесници, кои на почетокот на истражувањето откриваат кои се нивните омилени книги, театарски претстави и ТВ-програми. Истражувачите ги проценија нивните вештини за меѓучовечки односи, вклучувајќи го и тоа дали се склони да им помогнат на другите и дали размислуваат за туѓите чувства.
Истражувањето на Универзитетот „Кингстон“ открива дека читателите на книги се многу подруштвени од оние што преферираат телевизија.
Но, на однесувањето не влијае исто секоја книга, бидејќи жанрот и темата на литературата има огромно влијание на емотивната интелигенција.
Студијата открива дека фановите на фикција покажуваат позитивно социјално однесување, додека љубителите на драмата и љубовните романи имаат најмногу разбирање.
Вљубениците во некои „експериментални“ книги покажуваат вештини да ги видат работите од поинаква перспектива, а пак љубителите на комедии се најдобри во поврзување со другите.
Извор: