Забава инспирирана од вашиот омилен роман

Независно дали подготвувате роденденска забава, свадбена веселба или сакате да направите журка за вас и за вашите пријатели, постои едноставен начин како одредена книга да ја пренесете во вашиот социјален живот, односно да направите тематски настан инспириран од омиленото книжевно дело.

Тематските забави се секогаш интересни и додека се подготвуваат, но и додека се случуваат. Во продолжение ви нудиме идеи како да организирате таков настан, следејќи ги чекорите што ги предвидовме:

  1. Одберете тема што ви се допаѓа. Тоа може да биде цел серијал, на пример „Дисксвет“ на Тери Прачет или само една книга, омилен роман. Ако не ви оди лесно да се одлучите само за едно издание, тогаш одберете некој книжевен жанр, фантастика, хорор или љубовен роман и препуштете се.
  2. Подгответе ги поканите инспирирани од кориците на книгите.
  3. Менито на забавата дефинирајте го според храната во книгата, на пример можеби вашите пријатели ќе сакаат да го пробаат пивото на Хари Потер или некое од колачињата на кои пишува „пробај ме“ од „Алиса во Земјата на чудата“. Ако во книгата нема храна, ниту пијалак, секогаш е едноставно да се направи торта со корица од книгата или „капкејк“ со мотиви од корицата.
  4. Тематската забава не може да помине без друштвена игра. Можете да организирате лотарија и наградата да биде примерок од книгата по која ја правите забавата или да осмислите квиз со прашања од „Фајронт во Сараево“ и да проверите колку добро вашите гости ги знаат „Топ-листа на надреалистите“ или, пак, „Долината на стравот“ на Артур Конан Дојл и видете колку истрагите на Шерлок Холмс биле авантури и на вашите пријатели. Овие идеи можете да ги пренамените на кој било серијал или роман.
  5. Маскирајте се. Немојте едноставно да облечете фармерки и маичка, како секој ден. Облечете се како вашиот омилен книжевен јунак. Можеби сакате да се почувствувате како Дејзи од романот „Големиот Гетсби“ или Бриџит Џонс во една од нејзините фази според книгите во серијалот. Што и да одлучите, задолжително кажете им на гостите да дојдат во костим, инаку влезот на забавата ќе им биде оневозможен.
  6. Украсете го вашиот дом, создадете друг свет и овозможете им на вашите гости да се почувствуваат тоа. Пуштајте музика од време кога е пишуван романот, одберете детали што се споменуваат во книгата, усогласете ги по боја и концепт… А ако ја одберете „Отчукувања“ на Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес, тогаш направете седенка во пишување пораки на телефон, односно определете тема, направете вибер-група и напишете расказ низ пораките.

И независно кој наслов на книга ќе го одберете за тематска забава, немојте да заборавите да им наспоменете на гостите дека не ги каните на обична забава, туку на автентично книжевно доживување.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.