Листата на јавни личности кои напишале книги за деца се зголемува. Некои од нив напишаа автобиографски книги, а пак некои имаа дива фантазија. Независно како се конципирани, детските книги напишани од познатите личности се задоволство за целото семејство. Но, која е најпознатата личност која напишала книга за деца?
На нашата листа, првото место ѝ припаѓа на Мадона, која досега издаде пет книги за деца. Секоја од нив е прецизно илустрирана и раскажува приказни низ кои децата учат како да ги совладуваат различните ситуации на училиште или на игралиште.
Покрај Мадона, меѓу музичарите-писатели се вбројуваат и Боб Дилан и Стинг.
![]() |
![]() |
![]() |
Неколкумина комичари направија обиди со детските книги. Џери Зајнфелд ја напиша книгата „Халовин“, што ги покрива сите детали за овој празник, од избирање костум до играње „прелажи-или-почести“ (trick-or-treating). Стив Мартин, заедно со илустраторката на „Њујоркер“, Роз Част, заедно ја напишаа неодоливата „Азбука од А до Џ со бонус буква Ш!“ (The Alphabet from A to Y with Bonus Letter Z!), а исто така и добитникот на „Еми“, Били Кристал, инспириран од својата улога на дедо ја напиша „Тукушто разбрав дека те сакам“ (I Already Know I Love You).
Ви ја приближуваме оваа листа на ѕвезди кои пишуваат книги за деца како предизвик за размислување, зошто толку познати лица одлучуваат да се впуштат во овие води, токму со литературата за деца? Споделете го вашиот став, многу ќе ни значи.