Градови на книжевноста

Уште од 2004 година УНЕСКО почна иницијатива за именување градови на книжевноста, градови што многу повеќе од другите ја негуваат и ја развиваат љубовта кон книжевноста, со цел да се промовираат социјалниот, културниот и економскиот развој на тие центри.

Првиот град што ја доби таа титула е Единбург во Шкотска. Поголемите градови на книжевноста се наоѓаат во Европа, а само еден е во Америка – Ајова, неколку се во Јужна Америка и еден во Ирак, Багдад.

За да му биде доделена оваа титула на еден град треба да ги задоволи следните услови:

  • Квалитет, количество и разновидност на издавачи во посочениот град.
  • Организација и пречек на фестивалот и на книжевните настани што ги промовираат домашните и странските писатели и дела.
  • Доволен број книжарници, библиотеки и јавни и приватни културни центри што ја негуваат и ја промовираат домашната и странската литература.
  • Литературата, културата и поезијата да играат важна улога во градот.
  • Улогата на традиционалните и модерните медиуми во промовирањето на книжевноста, издавачката индустрија и значењето на читачката култура.

Рејкјавик, Исланд

Исланд е земја со најмногу прочитани и објавени книги по глава на жител, а Рејкјавик е водечкиот град во тоа

Сите книжевни градови се вистинско задоволство за страсните вљубеници во книгата. Литературниот туризам е во фокусот, па за ова лето можеби и ќе ве заинтересираат некои од овие дестинации.

Исланѓаните купуваат многу книги – во просек осум годишно, што вкупно значи два и пол милиони книги.

Книгите во Исланд се омилениот подарок, а читањето е страст. Додека сите шопинг-центри затвораат во 18 часот, книжарниците се отворени до 22 часот, а некои дури и до полноќ.

Книжарниците се омилените места за средби во Рејкјавик. Обичај е да се седи до долго во ноќта во книжарницата, да се пијат топли напивки и да се прелистуваат книгите. Пишувањето во Исланд е национален спорт, религија и начин да се „преживее“ во таа земја.

Гранада, Шпанија

„Ако треба да одберете еден град што ќе го видите во Шпанија тоа нека биде Гранада“ – велат Шпанците

Многу привлечен град што морате да го посетите.

Привлечната Гранада трајно го одбележи поетот Федерико Гарсија Лорка, кој е роден во село близу Гранада и за неа има напишано:

„Мислам дека Гранада во мене ја услови огромната симпатија за сите оние кои се прогонети, Цигани, Црнци, Евреи… Гранада мириса на таинственост, за нешто што не може да биде, а сепак е…“

Љубљана, Словенија

Центарот на Љубљана наликува на голема дневна соба со многу книги, односно книжарници

Љубљана ја доби титулата во 2010 година, кога ги победи Виена, Лисабон, Рига, Санкт Петербург, Велингтон и Гвадалахара.

Лавов, Украина

Секој септември Лавов се претвора во град на книжевноста бидејќи тогаш се случува „Форумот на издавачите“

Л’вив или Лавов го зазема првото место во Украина по бројот на зачувани културно – историски споменици. Во 1857 година е отворена музејската книжарница „Баваровски“ во којашто се чуваат највредните книги за Украина. Градот „врие“ од книжарници и библиотеки.

Единбург, Шкотска

Единбург во Шкотска првиот град што ја доби титулата град на книжевноста

Единбург е првопрогласениот град на книжевноста од УНЕСКО. Посетете ја националната книжарница на Шкотска, Музејот на писателите, Шкотскиот центар за раскажување приказни, Книжарницата на поезијата и многу други книжарници. Листата на познати шкотски книжевници е непрегледна: Артур Конан Дојл, Ј. К. Роулинг, Роберт Фергусон, Волтер Скот, Дороти Дунет, Јан Ранкин, Алан Рамсај…

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s