Претплатниците на магазинот „Лице в лице“ ќе имаат привилегија да добијат подарок книга од едицијата „Прошетка низ Европа“ од издавачката куќа Арс Ламина публикации, а со секој купен број на списанието да си обезбедат и книга, по цена од само 100 денари. Оваа акција е дел од соработката на „Прошетка низ Европа“ и „Лице в лице“, во чии рамки издавачот Арс Ламина донираше 500 книги на Лице в лице, кои продавачите можат да ги продаваат, задржувајќи го целосно профитот за себе, а со цел да се овозможат дополнителни приходи на оваа ранлива категорија.