Совети за пишување на Нил Гејман

Еден од најпочитуваните автори на денешницата Нил Гејман, автор на научно-фантастичните книги за деца и возрасни е прецизен во својот писателски занает. За пишувањето на Океан на крајот на патот, Американските богови и Анастасиевите момчиња вели дека е вештина за која треба да се придржувате до неколку совети.

Тајните на занаетот на Нил Гејман

Британскиот „Гардијан“ пред извесно време ги објави советите на писателскиот занает на познатиот автор Нил Гејман. Еве дел од нив:

  • Пишувајте.
  • Поставувајте зборче по зборче, а потоа најдете го вистинското и поставете го на неговото место.
  • Завршете го она што го пишувате. Направете сè што треба да направите за да го завршите ракописот.
  • Кога ќе ви кажат пријателите дека нешто им изгледа погрешно или не се однесува на нив, секогаш се во право. Замолете ги пријателите, чиешто мислење ви значи, да го прочитаат вашиот ракопис.
  • Поправете го ракописот. Запаметете, пред да го доведете ракописот во совршена форма, ќе морате да го пуштите и да работите на ново дело. Достигнување на совршенството е исто како да го достигнете хоризонтот, затоа продолжете да се движите.
  • Смејте се на сопствените шеги.
  • Главното правило е ако тоа го работите доволно уверливо и сугестивно, тогаш можете да напишете што било што ќе ви дојде на ум. Ова правило важи и за животот, не само за пишувањето. Затоа, пишувајте ја приказната како да е неопходно да биде напишана. Пишувајте ја искрено и раскажете ја на најдобар може начин.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s