Една доминиканска црква од 15 век во холандското гратче Цволе е целосно реставрирана и е претворена во модерна книжарница – библиотека „Waanders In de Broeren“.

Ширум светот, сè поголем број на запуштени храмови ги инспирираат архитектите и оригиналните објекти добиваат поинакви значења.
Необичниот проект, од чијашто основа изнедри огромната, модерна книжарница распространета на 700 квадратни метри, го реализираше архитектонското биро „БК Архитектен“ од Утрехт.И покрај пренамената на објектот, тимот на архитекти успеал да го задржи оригиналниот изглед на светилиштето. Витражите, монументалните оргули, фреските и архитектонските карактеристики на црквата стари 547 години, добија сосема нова, десакрализирана младост.
Архитектите користеле само три бои со цел да не ја загрозат оригиналната палета.Трикатната книжара им овозможува на посетителите да ја разгледаат огромната колекција на книги од различни области и да пронајдат нешто за себе. Иако изгледа масивно и големо, целата структура е многу лесна и може да се демонтира за еден ден, доколку црквата повторно посака во својот објект да ги пречекува верниците.
Ова не е прва ваква иницијатива. Ширум светот, сè поголем број на запуштени храмови ги инспирираат архитектите и оригиналните објекти добиваат поинакви значења.
Во Холандија, во Мастрихт, во 2007 година, друга доминиканска црква од 1294 година e реставрирана и е претворена во целосно функционална книжарница во чијшто објект се наоѓа и кафетерија за посетителите.
Според мислењето на некои светски медиуми, оваа книжарница може да биде прогласена за една од најубавите книжарници на светот. Овде можете да погледнете како изгледа нејзината внатрешност.