Боб Дилан, добитникот на Нобеловата награда за литература за 2016 година, во последен момент го предаде својот говор на Шведската академија, за да ја добие паричната награда од 800.000 евра.„Говорот е одличен, елоквентен, како што се очекуваше. Со оглед на фактот што говорот на Дилан е веќе предаден, неговата авантура се доближува до крајот“, коментира на својот блог секретарката на Шведската академија, Сара Даниус.
Боб Дилан алијас Ален Цимерман (75) на располагање имаше шест месеци, почнувајќи од свеченото доделување на Нобеловата награда, што секоја година се доделува на десетти декември во Стокхолм во чест на Алфред Нобел.
„Кога ја примив наградата се прашав која е поврзаноста меѓу песните и книжевноста. Сакав да размислам и да ја откријам врската. Ќе се обидам токму тука да ги изложам моите размисли“, вели кантавторот во говорот, кој како своја инспирација го цитира Сервантес, Херман Мелвин и Шекспир.
Дилан не присуствуваше на свеченоста во декември во градската сала во Стокхолм, па дури во април, на неговиот концерт во главниот град во Шведска, ги доби медалот и дипломата. Оттогаш се чекаше неговиот говор, до крајниот датум – десетти јуни.
Боб Дилан пратил аудиоснимка на којашто го чита својот говор и не дозволил никаков транскрипт, што е преседан и единствен ваков случај за Шведската академија, која потоа ги објавува на својата страница, како што направи и со оваа аудиоснимка.