Навиките за спиење на познатите писатели спроти книжевната продуктивност

„И во спиењето и во пишувањето“, Стивен Кинг ја забележал својата одлична медитација за уметноста на „креативниот сон“ и будното сонување, „ние учиме да бидеме физички мирни во исто време кога ги поттикнуваме нашите умови да се ослободат од едноличното рационално размислување на нашите животи за време на јавето“.

Има безбројни фактори што го обликуваат книжевниот исход, од кои сонот е само едниот значаен фактор

Со текот на годините, во мојата бесконечна фасцинација со дневните рутини, станав особено заинтересиран со навиките за спиење на успешните автори – на крајот од краиштата, се вели дека „сонот е најдобриот (и најлесниот) креативен афродизијак“ и научниците ни велат дека тој влијае врз сè, од нашето расположение, преку развојот на нашиот мозок, до секој наш буден момент. Се најдов како прашувам дали можеби има корелација помеѓу навиките за спиење и книжевната продуктивност. Се разбира, предизвикот е во тоа што податоците за сите овие варијабли се тешки да се пронајдат, тешки да се измерат или и двете. Затоа се обратив кон италијанскиот дизајнер на информации Џорџија Лупи и кон нејзиниот тим во „Акјурет“ – кои прават мајсторски визуализации на културолошките феномени што навидум се невозможни да се измерат – и заедно се нафативме да истражиме дали е возможно да се визуализира таквата корелација.

Првин, им ги дадов моите белешки за времето кога се будат писателите, насобрани во текот на годините поминати во читање биографии, интервјуа, журнали и други материјали. Голем дел од нив потекнуваат од две книги – Дневни ритуали: Како работат уметниците, од Мејсон Кари, и Чудни писатели: Од Џојс и Дикенс до Вартон и Велти, опсесивните навики и ексцентричните техники на големите автори, од Селија Блу Џонсон – исто и од интервјуата од „Париз ривју“ и разни збирки на дневници и писма. Завршивме со список од триесет и седум писатели за кои имавме информација кога се будат – ова стана основниот сет податоци, околу кој се нафативме да ја измериме, па да ја визуализираме, книжевната продуктивност на секој автор.

Важна напомена е тоа што има огромна доза субјективност во проценувањето на книжевната – или која било друга – кариера, но штом сета визуализација на информациите е вежба за субјективната уредничка пресуда, а не запис за објективната вистина, ние се задржавме врз група мерливи критериуми за да ја измериме „продуктивноста“: број на објавени дела и освоени големи награди. Со оглед на тоа што и времетраењето и ерата на животот на писателот влијаат врз книжевниот исход – подолгиот живот нуди повеќе време за пишување, а некои писатели живееле пред да почнат да се доделуваат големите награди – тие варијабли беа исто така наведени во контекстот.

Најпосле се обратив на Венди Мекнотон – илустратор, извонреден и многу чест соработник – и ја замолив да придонесе со илустриран портрет за секој од авторите. Крајниот резултат – сработено со љубов и многу месеци труд – е оваа чудесна визуализација за корелацијата помеѓу времето на будење на писателите, прикажани во вид на часовник околу секој портрет, и нивната книжевна продуктивност, прикажани како „аури“ во различни бои за секоја поголема награда и купчиња за секое објавено дело, обележано со боја за жанрот. Писателите се наредени на „времеплов“ од најраниот до најдоцниот час на будење, почнувајќи со несоницата на Балзак од еден часот наутро, до боемското пладне на Буковски.

Најважната напомена од сите, се разбира, е тоа дека има безбројни фактори што го обликуваат книжевниот исход, од кои сонот е само едниот фактор – така што ова не е со намера да укаже на некаква директна причина, туку само да истакне некои интересни корелации: на пример, фактот дека (со исклучок на вонсериските писатели што се и мошне плодотворни и добитници на многу награди, на пример Бредбери и Кинг) оние што подоцна се буделе изгледа дека создавале повеќе дела, но освојувале помалку награди од ранобудните птици.

Најважната поента можеби треба да се бара во самоистакнувањето: во потсетувањето дека ниедна конкретна рутина не гарантира успех, а единственото нешто што е важно е да се има рутина и истрајност карактеристична за рутината. Да се работи од ден на ден, без да се пропушти ден, е најсигурниот начин да се оствари долготраен успех.

Извор:

https://www.brainpickings.org/2013/12/16/writers-wakeup-times-literary-productivity-visualization/

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s