„Трите сестри“ на Чехов би ги претворил во скулптури

Скулптурите од керамика се рефлексијата на неговата специфична појавност. Природен, каков што е и материјалот преку кој се изразува професионално, сака да зборува за сè, но најмногу за уметноста. Токму таа го има централното место во библиотеката на Филип Фидановски.

„Скулптурата сега“ на Ана Мошинска е книжевниот избор на Филип Фидановски

Филип, меѓу уметноста и модата, каде е сместена литературата во твојот живот?

Во полето на интерес кон литературата е стручната литература, што се однесува на уметноста и дизајнот. Секојдневно сум со одредени книги што се во доменот на мојата струка. Впрочем, литературата за уметност, култура и дизајн е онаа литература што ја читам. Малку читам други жанрови од литературата.

Која литература те обликуваше како керамичар и како уметник?

Како уметник и керамичар ме обликува онаа позната литература за големите автори и нивните дела. Албумите со критички текст за уметноста, историјата на уметност и некој од големите автори на класиците во литературата, како Шекспир, Чехов, Толстој. Ги обожавам делата на Шекспир и Чехов.

Дали има некое дело или лик што сакаш да го отелотвориш во парче керамика?

Да, има, тоа е делото „Три сестри“ од Чехов. Ликовите на сестрите Олга, Маша и Ирина за мене се мошне интересни. Би ги претворил во скулптури.

По кој критериум ја одбираш книгата што сакаш да ја прочиташ?

Онаа литература што ја користам е специфична. Книгите секогаш ги одбирам по потреба и, се разбира, по автор.

До книгите стигнуваш преку: книжарница, библиотека или е-книга?

Поборник сум на посетата на книжарниците, бидејќи нема поубаво од тоа да ја фатите во рака книгата и да ја прелистате пред да ја купите. Тука говорам за она што ни е достапно нам на пазарот. За дел се снаоѓам преку интернет, поголем дел од книгите ги нарачувам од странство, зашто кај нас не можат да се најдат, конкретно зборувам за продажни библиотеки на музеи и специјализирани книжарници за литература од уметноста.

Со кој лик од книга се идентификуваш и зошто?

Уф, ова е тешко прашање, бидејќи не можам да издвојам таков лик. Во литературата што ме интересира мене нема такви ликови, но од светот на уметноста, секако тоа е Пикасо.

Дали подаруваш книги? Кој жанр?

Да, често подарувам книги. Најчесто, тоа се книги поврзани со културата на живеење и книгите за уметност.

Кој наслов одАрс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Се одлучив за она што го сакам „Скулптурата сега“ на Ана Мошинска.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s