Експертите тврдат дека брзото читање е полошо отколку да не читате ништо

Сите знаеме дека читањето е важно, но едновремено сите сме ангажирани со дневни задолженија и тешко ни е да најдеме доволно време за читање книги или подолги анализи.

Но, како да се чита побрзо? Неизбежното прашање го следат и линкови од книги и псевдонаучни статии на одредени анонимни блогери кои тврдат дека може да се чита и до десет пати побрзо.

Меѓутоа, доколку сте заинтересирани за нешто повеќе отколку празните бројки на прочитаните книги и вештината за брзо читање, тогаш многу е подобро да се чита со разбирање.

Добрата книга, како и вкусниот оброк или релаксираниот одмор, не сакате да заврши. Не брзате да го завршите, туку потполно се соживувате со искуството и сакате да трае вечно.

Сосредоточете се на читањето на добри книги, наместо да размислувате за бројот на прочитани парчиња литература

Само површно познавање

 Целта на читањето е стекнување на нови информации или искуства, а брзото читање е само алтернативен начин да се „залажувате дека нешто навистина учите“. Во суштината, вие само брзо ги вртите страниците.

„Постои однос помеѓу брзината и точноста. Дури и невозможно е читателите кои двојно ја зголемуваат брзината на читањето, да го задржат истото ниво на разбирање на текстот како кога читаат со нормална брзина“, се заклучува во метаистражувањето што е објавено во мај 2016 година.

Тоа значи дека ако читате брзо, не читате со разбирање. Не ќе можете да ги идентификувате допирните точки помеѓу модерните дела и нивните меѓусебни односи или не ќе можете критички да читате нечие гледање на историјата.

Брзите читачи немаат комуникација со авторот и добиваат површно познавање на делата откога ќе завршат со читањето на книгата.

„Малку учење е опасна работа. Напијте се добро, немој да отпивнувате од пиренскиот извор. Плиткото го заматува мозокот, а пиењето не отрезнува“, напишал славниот писател Александер Поуп.

Во психологијата е познат Донинг-Кругеровиот ефект, што го опишува нивото на знаење и самоувереност во сопственото знаење. Луѓето кои површно знаат одредена тема се уверени дека одлично го познаваат тоа поле. Од друга страна, експертите се свесни дека постојат мноштво информации што не ги познаваат и треба да ги сознаат.

Погрешни одлуки и повторна работа

 Површното познавање на одредени теми често доведува и до носење на погрешни одлуки, што подоцна треба да се исправаат, а тоа одзема дополнително време. Затоа, подобро е да се одвои време за конкретно запознавање со одредена тема.

Одвојувањето на еден или два часа дневно за читање воопшто не е лесно. Затоа, ако одлучите да читате поголем број книги, почнете пополека. Сосредоточете се на читањето на добри книги, наместо да размислувате за бројот на прочитани парчиња литература.

 

 

Извор:

If you want to get smarter, speed-reading is worse than not reading at all

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s