Најпродавани книги на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата 2017

Eден од најпосетуваните настани во земјава, 29. Саем на книгата, издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ го заврши со 12 успешни промоции, 14 настани, работилници и активности, неколку специјални гости и многу посетители, како и со рекорден број продадени книги на саемот досега.

Убедливо најпродавана книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е „Фајронт во Сараево“, автобиографија на легендата д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“. Во својата автобиографија „Фајронт во Сараево“ тој се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Неле Карајлиќ беше и специјален гостин на „Арс Ламина“ во рамките на Саемот на книгата 2017 и на своите промоции привлече огромен број посетители.

На второто место според продажбата е книгата за деца „Тато, имаме приказна!“ Овие 14 забавни приказни за читање и смеење на глас се напишани од еден татко и едно шестгодишно девојче – Александар и Гала Таковски, а илустрациите се целосно на Гала Таковски.

Новиот роман на Билјана С. Црвенковска со илустрации на Здравко Гиров „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ се најде на третото место на топ-листата најпродавани книги за време на саемските денови.

Следна на листата е автобиографијата на мајсторот на хуморот – неповторливиот Џон Клиз ѕвездата на „Монти Пајтон“, со наслов „И така, ви велам… Оваа автобиографија е сè она што може да се очекува од нејзиниот автор: луцидна, промислена, провокативна и пред сè – забавна историја на ѕвездата на Монти Пајтон.

На петтото место е книгата „Отчукувања“ на авторите Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес (Шпанија). Преку дијалозите пренесени во посебен и необичен формат („чет“-апликација), ова интересно четиво пренесува една приказна за вторите шанси во животот. Руескас и Миралјес беа специјални гости на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата.

На шестото место е романот за деца „Лесната принцеза“ на Џорџ Мекдоналд. На новородената принцеза ù е фрлена необична клетва – освен што нема гравитација, таа не умее да сфати никого сериозно. Уште полошо, таа може да биде оддувана и од најмалото ветре! Весела приказна, што е омилена кај малите читатели.

По овој безвременски класик за деца, следува „Црвената кралица“, фантастичен роман за млади напишан од Викторија Авејард. Овој роман претставува еден свет што е поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв, свет на лаги и измами, на предавства, каде што „црвената девојка“ е принудена да заигра опасен танц – против сопственото срце…

Специјален гостин на саемот беше и Жан Бак (Луксембург), автор на романот „Аматер“, дел од едицијата „Прошетка низ Европа“. Жан Бак е добитник на наградата за литература на Европската унија, токму за романот „Аматер“. „Аматер“ е на осмото место на топ-листата на најпродавани книги на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата.

На деветтото место се наоѓа серијалот „Бајки од Македонија“, веќе добро познат кај пошироката публика, а на десеттото е серијалот хорор-романи за деца „Замокот на стравот“.

И по Саемот на книга „Арс Ламина – публикации“, како најголем и најважен издавач на академска и научна литература, едукативни изданија и дидактички помагала, белетристика и литература за деца, останува на својата мисија унапредувањето на издаваштвото во Македонија и доближување на читателската публика со сопствените изданија, меѓу кои и современа белетристика и литература за деца и млади, објавување преводи на македонски јазик на најпродаваните и најнаградуваните светски автори, но и објавување на домашни имиња.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s