Хит читанки за млади, Отчукувања, Биди со мене, Светот на рамена

 На саемот на книгата Literatura.mk ќе промовира супер избор од најхит романите за млади од минатата година, наменети за читателската публика од 16 години па нагоре.

ОТЧУКУВАЊА на Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес

Овој необичен роман, структуриран како преписка преку социјална мрежа и без нараторски патоказ, ја обработува безусловната љубов, идеалистичката, онаа што е недостижна за земските несреќи. Имено, Елија, средношколка, после три дена во бессознание се буди во малку изменет свет. Не се сеќава што ù се случило пред кобната несреќа. Меѓу блиските пријатели, на социјалната мрежа за допишување се појавува мистериозен соговорник. Слаткоречив и внимателен, но тајновит. Извесен Феникс што ù го привлекува вниманието и истовремено ја прави немирна…

Добрата страна?!

Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку HeartBits.

 Лошата страна?!

Не се сеќава на трите дена што ù претходат на несреќата.

Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да ù пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборавичувствува дека ù недостига воздух.
СВЕТОТ НА РАМЕНА на Џенифер Нивен, авторката на хит романот Сите светли точки

Сите мислат дека знаат сè за Либи Страут, но никој никогаш не се обидел да погледне подлабоко во неа и вистински да ја запознае. По ненадејната смрт на нејзината мајка, Либи се затвора дома, но сега таа е подготвена: за средното училиште, за новите пријатели, за љубовта и за СЕКОЈА МОЖНОСТ ШТО И ЈА НУДИ ЖИВОТОТ.

Сакам да бидам девојката која може да стори сè.

Исто така, сите мислат дека знаат сè за Џек Маселин. Да, тој е секси и фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата самодоверба, тој крие тајна што мора да ја чува во себе по секоја цена. Биди шармантен. Биди проклето пресмешен. Не зближувај се со никого.

Тогаш Џек ја запознава Либи. И нивните светови се менуваат. Бидејќи понекогаш, кога ќе запознаете некого, целиот свет доаѓа во фокус.

Џенифер Нивен ни дава уште една потресна и возбудлива љубовна приказна за пронаоѓањето токму на онаа личност што ве гледа и ве сака такви какви што сте.

БИДИ СО МЕНЕ, продолжението на апсолутниот бестселер на Џенифер Л. Арментраут Те чекам.

Дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно, или животот има друг план?

Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ù, но тој не зборува со неа
откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш. Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ!

А можеби ќе има и шанса да го убеди Џејс дека тоа што постои меѓу нив е она вистинското.

Џејс крие огромна тајна што не ја кажува никому – особено не на Тереза. Иако тие се бакнаа – со најжешкиот бакнеж во неговиот живот – тој знае дека мора да им даде приоритет на други нешта. И нема време за врска. Но, постојано мисли само на бакнувањето со девојката која може да му уништи сè.

Сепак, Џејс и Тереза веќе не можат да ги негираат чувствата што ги имаат еден за друг. Но опасноста демне и се случува трагедија. Додека кампусот закрепнува од страшната случка, судбоносно вљубениот пар мора да одлучи што се подготвени да ризикуваат за да бидат заедно и дали се подготвени да го изгубат тоа доколку врската не успее…

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s