ЛИБИ и Мини ЛИБИ – нови списанија за ученици во издание на „Арс Ламина – публикации“

На Саемот на книгата, издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги претстави првите броеви на своите две нови детски списанија – Мини ЛИБИ (наменето за ученици од прво до трето одделение од основното образование) и ЛИБИ (за ученици од четврто до шесто одделение). Станува збор за две содржајни месечни изданија од по 36 страници, што, според содржината, научната подлога, занимливоста, визуелната компонента и соодветноста на потребите на модерните деца и актуелната наставна програма во училиштата, можат слободно да застанат „рамо до рамо“ со сите светски водечки списанија наменети за најмладите.
„Изминативе осум месеци имав задоволство да работам нa осмислување и на практична подготовка на списанијата, со еден репрезентативен тим од луѓе – уредници, експерти во своите области, но и со помош на широк стручен консултантски тим од наставниот процес. Сите заедно имавме многу голема одговорност, зашто децата се најделикатната читателска публика. Исто така, не беше едноставно да се задоволат очекувањата и на наставниците и родителите, па направивме серија контролни истражувања што ни покажаа дека создадовме списанија што одговараат на потребите на децата на оваа возраст, нудат дополнителен интересен материјал за квалитетно поминато време на родителите со своите деца и ги покриваат содржините предвидени со наставната програма во основното образование“, изјави Бранка Костиќ-Марковиќ, главниот уредник на списанијата.

Мини ЛИБИ и ЛИБИ се модерно дизајнирани списанија што веќе на прв поглед се издвојуваат од постојните на пазарот и истовремено одговараат на потребите на денешните деца, односно ученици. Тие на децата им нудат можност да прочитаат содржини посветени на науката, културата, книжевноста, јазикот, технологијата и сл., но сето тоа во корелација со предвидените наставни содржини и во чекор со современите општествени текови и најнови научни сознанија.

Посебен фокус е ставен на содржините од областа на математиката и на природните науки, што се составувани според програмата на Бирото за развој на образованието и на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Дополнително, рубриките се дополнети со уште еден, дигитален слој на содржина, што е наменет за читателите да ја задоволат љубопитноста и да ги збогатат своите знаења, а дополнително да им помогнат на наставниците за примена на ИКТ во наставата. Имено, на различни места низ списанието се наведени дополнителни врски до интерактивни содржини („Кликни ме!“), достапни на интернет-страницата Либи, а кои ќе најдат директна примена во реализација на наставната програма. Се разбира, водено е сметка овие знаења да бидат пласирани на забавен начин и децата во списанијата да гледаат нови пријатели.

Бранка Бугариска, директор на издаваштво на „Арс Ламина“

„’Арс Ламина‘ со текот на годините многу инвестираше во развивање на литература за деца, едукативни изданија, дидактички помагала, како и други содржини наменети за учениците и наставниците, децата и родителите, што ја менуваа својата градба согласно потребите, развивајќи нови и нови услуги и производи за деца. Едни од тие нови изданија што го слушнаа крикот на децата и на наставниците се списанијата ЛИБИ и Мини ЛИБИ, интерактивни, визуелни списанија за деца креирани врз база на партиципативни и соработувачки методи, а развиени во соработка со уредници, лектори, новинари, лица од релевантните области и поединци со дополнителна стручна едукација“, истакна Бранка Бугариска, директор на издаваштво на „Арс Ламина“.

Зорица Црношија – промотор на изданијата „Либи“

Промоторот на изданијата, пак, Зорица Црношија, која на најпластичен начин им ги приближи новите изданија на присутните на саемската промоција, рече дека е очигледно дека квалитетните книги, помошните и нагледните средства, илустрираните сликовници, учебниците и другите адаптирани содржини се исклучително важни во процесот на растење и развој на децата. „Со соодветен пристап до информации и квалитетна литература децата ќе тргнат во првите читачки подвизи, ќе научат нови зборови и ќе најдат скапоцени одговори на многу прашања. Ете токму такви се новите градива наречени Мини Либи и Либи“, заклучи Црношија.
Мини ЛИБИ и ЛИБИ веќе денеска можат да се купат на саемскиот штанд на „Арс Ламина“ и во книжарниците на „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ и ТЦ „Рамстор“, по цена од 90 денари, но сите заинтересирани можат и да се претплатат на повеќе броеви по цена од 70 денари.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s