Насочување кон книгата и на лицата со интелектуална попреченост

 Taa e национален директор на Специјалната олимпијада Македонија, организација што обезбедува спортски активности за лица со интелектуална попреченост. Во пресрет на Зимските олимписки игри, Австрија, 2017 година, ѕирнавме во библиотеката на Ана Петровска.

„Тишина“ на Сузан Кејн е изборот на Ана Петровска

Ана, како можеме да влеземе во светот на овие лица, преку медиумите, литературата, спортот или?

Да, на сите овие начини можеме да допреме до нив, но во нивниот свет може да се влезе само со директна комуникација. Крајно време е луѓето да се отворат за соживот и да се надраснат себеси, прифаќајќи ја оваа популација како дел од нашето секојдневие. Всушност, ние треба да се бориме да влеземе во нивниот свет, бидејќи нивниот свет е светот без предрасуди, свет на чиста вистина и искрени чувства, свет од кој сме се отуѓиле и веќе се плашиме да му се приближиме.

Какво место има литературата во животот на атлетите (спортистите) на Специјалната олимпијада Македонија?

Според моето искуство, за жал малку од нив читаат. Тие се писмени, но не се насочувани кон литературата. Ова претставува сериозен проблем и сметам дека треба да се размисли во насока на организирање настани за приближување на литературата, книгата, поезијата и кон оваа популација, бидејќи книгата развива. Поголем дел од нив времето го минуваат на социјалните мрежи, а верувам дека тоа време може да се подели со квалитетна книга.

А какво место има литературата во твојот живот?

Има еден слоган: „Една книга неделно, еден од десетте тоници на животот“. Да бидам искрена, овој тоник не го користам доволно, затоа и тонусот ми е малку попуштен. 😉 Темпото од една книга неделно не можам да го одржам, но без една книга месечно не би можела да поминам.

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

Не можам да одвојам книга, но од Ошо, како мислител, автор, психолог на новата ера не можам да се одвојам, сè уште го читам и морам да признам дека многу ме заинтригира неговото толкување на определени животни ставови. Постоеше период во животот во кој неговите ставови навистина направија пресврт во моето доживување на нештата и на луѓето. Додека, пак, од Руми не можам да се наситам.

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ докрај?

Тукушто ја прочитав „Белата Масаи“ од Корин Хофман и продолжувам со „Враќањето од Африка“ на истата авторка. Оваа швајцарска писателка ме фасцинираше, пред сè со запознавањето на обичаите со Масаите од Кенија, а потоа и со тоа како една модерна жена на 21 век се снаоѓа во таква средина токму поради љубовта и дали и колку љубовта е доволна за да се откажеме од едно животно поглавје и да почнеме ново.

Многу медали освоивте на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2015 година, сега заминувате на Зимските олимписки игри на Специјалната олимпијада, Австрија, 2017 година? Какви се вашите очекувања? Дали ќе испишеме успешна приказна од Шладминг?

Ако во САД заминавме со најголема делегација, сега заминуваме со најмала, но спецификата на спортот си го прави своето. Среќна сум што испраќаме претставник на државата и искрено се надевам дека Бојан Трајковски ќе се покаже во најдобра светлина. Неговата упорност, желбата кон овој спорт и тренинзите верувам дека ќе имаат успех. И верувам дека неговиот успех ќе биде причина за испишување на скијачката историја.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„Тишина“ на Сузан Кејн ме заинтригира како наслов.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s