Новиот документарен филм за Тери Прачет го открива моментот кога писателот сфатил дека е „мртов“

Недовршената автобиографија на Тери Прачет го открива неговиот пат низ Алцхајмеровата болест, како и моментот кога славниот писател открива дека е „мртов“.

teri1Овој документарен филм, наречен Terry Pratchett: Back in Black, се потпира на недовршената автобиографија на Прачет на која работел пред да почине на шеесет и шестгодишна возраст.

Во 2007 година на Тери Прачет му е дијагностицирана Алцхајмеровата болест, а белешките го даваат на увид бесот низ кој минувал писателот поради својата состојба.

Во документарниот филм се појавува и Тери Прачет снимен непосредно пред својата смрт. Снимките покажуваат во каква состојба се наоѓал авторот, а содржат и изјави на неговиот долгогодишен асистент и соработник на автобиографијата, Роб Вилкинс.

Вилкинс во документарецот евоцира епизода од 2007 година кога Тери Прачет влетал во неговата канцеларија им му рекол дека од неговата тастатура исчезнала буквата „С“ и побарал да му каже што направил со неа.

Актерот Пол Каје во улога на Тери Прачет во документарниот филм

Во текот на 2014 година Прачет веќе сфатил дека не е веќе толку добар писател како некогаш.

„Цел ден успешно работевме на автобиографијата кога одеднаш Тери Прачет ми рече: ’Роб, Тери Прачет е мртов!‘“ вели Вилкинс.

„Му одговорив да ги погледне прекрасните работи што ги создал во текот на тој ден, но тој беше упорен, ’Не, не, Тери Прачет е мртов!‘“

Вилкинс ја открива огорченоста на писателот кон болеста пред својата смрт.

„Можеше да види како болеста влијае на него, како го потиснува и со тоа многу долго се боревме“, вели Вилкинс. „Тој бес го натера во текот на болеста да напише дури седум романи.“

teri-pracet1По кариерата како новинар во провинциски весници и работата како претставник за односи со јавност за четири нуклеарни електрани, Тери Прачет во 1987 година одлучи комплетно да му се посвети на пишувањето. Автор е на повеќе од седумдесет книги, преведени на речиси четириесет јазици. Неговиот серијал на книги „Дисксвет“ е продаден во преку седумдесет милиони примероци со што стана еден од најуспешните британски писатели. Пред да биде прогласен за витез во 2009 година, Тери Прачет заработил шеесет и пет милиони долари.

Документарецот за него е прикажан на 11 февруари на втората програма на Би-би-си.

Извор:

https://www.theguardian.com/books/2017/feb/03/terry-pratchett-docudrama-author-dead-alzheimers

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s