Криминална група на многу итар начин дошла до книги вредни два милиони фунти, што биле чувани во складиште на аеродромот „Хитроу“ во Лондон.
По идеја од филмот „Невозможна мисија“ со Том Круз, членовите на оваа банда успеале да ги заобиколат безбедносните системи. Качувајќи се на покривот на складот на аеродромот „Хитроу“ и правејќи дупка на стаклото, тројца членови на бандата со јаже се спуштиле во складиштето и стигнале до повеќе од сто и шеесет вредни книги. На тој начин ги избегнале сензорите за аларм во движење.
Од Скотланд јард потврдуваат дека станува збор за кражба на вредни книги што потекнуваат од петнаесеттиот и шеснаесеттиот век. Според пишувањето на медиумите, книгите се во вредност од 680.000 фунти, а највредната книга меѓу нив била „За кружењето на небесните тела – Никола Коперник“ вредна околу 215.000 фунти.
Меѓу украдените книги се наоѓаат делата на Галилео Галилеј, Леонардо да Винчи, Исак Њутн, како и издание на „Божествената комедија“ од 1569 година.
Извор: