Музејот посветен на францускиот поет Артур Рембо на аукциска продажба ги откупи неговите цртежи, во јавноста познати под името „Човек со ветровит ѓон“, пренесуваат француските медиуми.
Седумте цртежи на поетот се продадени за 118.750 евра на неодамнешната аукциска продажба на „Сотби“.
Цртежите ги откупил музејот што се наоѓа во Шарлевил – Мезијер, на истокот во Франција, каде што е роден Рембо.
Инаку, цртежите се направени на десетгодишна возраст на Рембо.
Жан Никола Артур Рембо (1854-1891) е француски поет, претставник на декаденцијата, кој имал силно влијание на книжевноста, музиката и уметноста. Автор е на песната „Пијан брод“ и сите негови песни што се влезени во антологијата на француската книжевност се напишани за време на неговата тинејџерска доба.