Што ќе донесе 2017 година во издаваштвото?

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, Брегзит, неуспешниот пуч во Турција, поствистина, новиот збор во оксфордскиот речник, војната во Сирија, животот на музиката на дејците кои заминаа во вечноста – се само мал дел од пејзажот во кој ќе се создаваат идните бестселери или капитални литературни дела. Глобалните политички и економски случувања во 2016 година, не заобиколувајќи ја науката и уметноста, влијаат во креирањето на издавачките трендови, односно што ќе читаат нашите книгољупци во текот на 2017 година.

2017-2На почетокот на годината, издавачите се наоѓаат пред огромниот предизвик, исполнување на празните страници. Редакцијата на „Арс Ламина“, „Арс Либрис“ и „Либи“ секојдневно се обидува да одговори на предизвикот, но и да ги задоволи стандардите на своите читатели. Уредувачкиот тим ги следи глобалните тенденции и ова се нивните предвидувања каде ќе се движи литературата во 2017 година на светско ниво.

Бум на фантастиката во научна фантастика

Вниманието останува вперено кон научната фантастика, особено како последица на неколку паралелни трендови, како продолжение на фантастиката што еволуира во научна фантастика, развојот на дистописките романи последните години, што ќе станат покнижевни и ревитализирањето на novela del dictador, жанрот во англискиот свет што ќе инспирира барем неколку книги.

Книгите ќе станат поинтерактивни, дури и медиум за себе. Ќе има нов серијал, најмалку трилогија, што ќе биде продаван во милионски тиражи, со можност за екранизирање кон крајот на годината.

„Читателската публика е жедна за оптимизам, а таа жед издавачите имаат можност да ја претворат во долари. Очекувано е да се појави нов еротски роман, со хомосексуална тематика, што ќе биде популарен и контроверзен. Но, исто така, очекувано е и реизданија на ’Марвел‘ и ’Ди-си комикс‘, имајќи го на ум успехот на ’Доктор Стренџ‘ (Doctor Strange) и слични филмови. Оваа година ќе биде година на ренесанса на утопискиот правец помогнат од ’Ѕвездените патеки‘ (Стар трек), овој пат враќање кон утописките оригинали“, велат од „Арс Ламина“.

Задржување на тренд 

Книгите за мотивација и самопомош се во тренд последнава деценија, па тие ќе останат на врвот на интересот и на издавачите и на читателите, придружени со литературата за здрава исхрана. Биографиите на научници, спортисти, политичари ќе останат поттик за читателите за унапредување на својот личен и професионален живот.

Во светот ќе продолжат да се издаваат дела на познати физичари и научници, економисти и филозофи, лекари и урбанисти и енвиронменталисти. Тие научно-популарни дела се испробано успешни за одреден доволно голем слој читатели.

Детската литература зема замав кон персонализираните дела, па во скора иднина секое дете ќе има книга за себе. Но, и кај возрасните персонализираните книги, книгите со активности и книгите со креативни изработки претставуваат актуелен тренд, што оваа година ќе земе уште поголем замав.

Ќе продолжат да се пишуваат мистерии, крими-романи и Стивен Кинг ќе издаде десетина романи, Џејмс Патерсон ќе заработи најмногу пари меѓу писателите, доколку Џ. К. Ролинг не почне некој нов книжевен серијал.

„Арс Ламина“, „Арс Либрис“ и „Либи“ својата литературна понуда за 2017 година ја движат паралелно со глобалните текови, па во нашите книжарници ќе ги пронајдете светските ремек-дела преведени на македонски јазик.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s