Железничкиот оператор СНЦФ (SNCF) сака патниците да искусат „патување пред патувањето“ – и тоа бесплатно. Повеќе од 5.000 автори испратија свои раскази за да бидат опфатени во автоматите „АФП/Гети имиџис“.
Железничките станици во Франција инсталираа автомати што печатат уникатни раскази за патниците додека чекаат, без никакви трошоци. Повеќе од 5.000 анонимни автори поднесоа свои раскази да бидат опфатени во автоматите и 35 станици располагаа со жолтите кутии до крајот на 2016 година, како резултат на ланскиот успешен обид во Гренобл.
Машините имаат нумерирани бројчиња, што им овозможува на патниците да изберат дали сакаат нивната приказна да им одземе една, три или пет минути за читање.
Приказните опфаќаат разни теми, вклучувајќи и наративи од класичната литература, лирската поезија и бајките, според издавачите што го осмислија тој проект, „Шорт едишн“.
Железничкиот оператор СНЦФ (SNCF) истакна дека има дистрибуирано 100.000 приказни испечатени на хартија во текот на последните шест месеци, според сосем произволен избор.
СНЦФ (SNCF) рече дека целта на проектот е да се воведе култура во патувањето со возови на едноставен начин и да ги охрабри патниците да уживаат во квалитетна книжевност – опишувајќи го тоа искуство како „патување пред патувањето“.
Директорот на „Шорт едишн“, Кристоф Сибјуд, истакна за „Телеграма“: „Нашата амбиција е да видиме како насекаде се појавуваат дистрибутери што го поттикнуваат читањето и пишувањето и ги промовираат нашите уметници. Расказите имаат место во нашите животи“.
„Помислевме дека можеби е забавно да имаме дистрибутер на приказни што би бил ист како автомат. Хартиениот медиум е наплив од свеж воздух, тој е многу понеочекуван од екранот на смартфонот“.
За филмскиот режисер Френсис Форд Копола се вели дека е обожавател на автоматите и има инсталирано еден во барот што го поседува во Сан Франциско.
Во 2013 година, Франција беше прогласена за „нација на писатели“ откако во една анкета беше откриено дека 17 проценти од населението напишало нацрт за книга, а најголемиот дел од ракописите останале необјавени.
Извор:
Пингување: Зошто па да не и кај нас – oliverdonna