Наскоро: Франкофонско катче во Литература.мк

Книжарницата Литература.мк, издавачката куќа Арс Ламина публикации и Францускиот институт во Скопје започнуваат соработка за промоција на франкофонијата во Македонија.На неодамнешната прес конференција во Францускиот институт беа претставени активностите и проектите кои институтот ги планира во првото тримесечје на 2017 година.

franc-inst

Изабел Марки-Барбо – директорка на Францускиот културен центар

Директорката на Францускиот институт Изабел Марки-Барбо ја презентираше програмата јануари-март „Културни патеки“ во која доминираат настани за млади и студентите, за уметноста и науката. Меѓу другото, Марки-Барбо истакна дека во Македонија има околу 40.000 ученици кои го изучуваат францускиот јазик, но досега немало издвоен простор низ книжарниците во градот како специјализиран за литература на француски јазик, па затоа на наше заедничко задоволство го најавуваме отворањето на франкофонското катче во книжарницата „Literatura.mk“ коешто ќе почне да фунционира на 15 март годинава.

Во овој простор, освен тоа што ќе бидат достапни методи за изучување на францускиот јазик и книги на француски јазик за деца и млади, истовремено ќе се одвиваат разни активности од типот на организирани работилници и книжевни читања за деца и за возрасни, едукативни работилници и промоција на образовна литература (учебници и слични дидактички материјали), анимации за деца на француски јазик со наставници по француски јазик, гостувања на француски автори и илустратори и средби со читателите и сл. Во рамки на овие активности влегува и француско-германскиот проект за промовирање на читањето со што ќе се збогати целокупната програма.

Сите заинтересирани љубители на францускиот јазик и франкофонијата ќе бидат навремено информирани за сите активности во ова ново специјализирано француско катче кои ќе бидат организирани со желба за уште подобра промоција и афирмација на францускиот јазик во Република Македонија.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s