Бестселерот на Ник Кејв „Смртта на Бани Манро“ во книжарниците на Литература.мк

Вториот роман на Ник Кејв, познатиот пејач и предводник на групата „Ник Кејв енд д Бед Сидс“, именуван како „Смртта на Бани Манро“ е напишан цели дваесет години по неговиот прв роман, „И магарето го виде ангелот“. Ова дело е хроника на размислувањата на Бани Манро и портретирање на релацијата татко – син. 

nik-kejv

Романот е приказ на последното патување, на „последната зделка“ на патувачкиот трговец Бани Манро, кој на крајот на неговиот животен пат се соочува со спогодбата за сопствената душа.

Бани Манро е средовечен и многу порочен развратник, кому по злоупотребата на многу жени и на многу алкохол, како казна му стигнува самоубиството на неговата сопруга и, воедно, мајка на неговиот син, Бани Помладиот, кој сега останува во негова грижа. Романот го опишува неговиот последен ден „на работа“ во Брајтон и околината, инаку местото каде што навистина живее и авторот на романот – самиот Ник Кејв.

„Смртта на Бани Манро“ е еден роман од кој неминовно избива карактеристичниот мрачен и саркастичен хумор на еден од најхаризматичните и најоригинални рок-икони на крајот на XX и почетокот на XXI век, кој со овој бестселер се потврдува и како оригинален и автентичен романописец.

„Седни ги Кормак Мекарти, Франц Кафка и Бени Хил заедно во крајбрежна куќа во Брајтон, тие само може да излезеат на крај со Бани Манро. Задолжително читање.“ Ирвин Велш

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.