Сакам интима со литературата

Книгите ги доживува како водичи на духовното патување. Некогаш се по нејзин избор, а некогаш по препорака. Иако пасијата и професијата, музиката и контролата на летање, се разединуваат, таа ги обединува, како во албумот „Небеска“. Ова е библиотеката на Наташа Мијатовиќ-Мијата.

31Покрај музиката и широките координати на небото, дали има место и за литературата во твојот живот?

Музиката и мојата работа не се опоненти на литературата. Напротив… Литературата ме стимулира во музичката креација, а во паузите меѓу авионите имам време и да прочитам по некоја страница. Туку, луѓето што ги опслужувам околу мене со своите потреби директно ја загрозија мојата интима со литературата. И тоа сериозно ја загрозија во последно време.

Коjа музичка нумера те асоцира на некоја книга или на некој автор?

Руската песна „Уралскаја Рабинушка“ ме потсетува на книгата „Мајсторот и Маргарита“ од Булгаков. Ме асоцира на сцена од истоимениот филм, а песната го најде своето место и на репертоарот на мојот музичко-сценски перформанс „Јаболка и круши за уметнички души“, што беше проследен и со илустрирана книга поезија.

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

„Трето око“ од Лобсанг Рампа. Ја читав во време кога гласовно се образував кај маестро Горан Диновски и книгата ја читав по негова препорака. Веројатно сметаше дека сум втасана да ја ценам и не згреши. Пеењето е духовен процес што ти го менува најпрвин начинот на дишење, а понатаму те соочува со внатрешните стравови. „Трето око“ само ми помогна дополнително во тоа духовно патување.

Има ли книга што си ја препрочитала повеќе од трипати, која и зошто?

„Љубов – Дијагностика на кармата“ од С. Н. Лазарев. Пред сè, зашто добро се чувствувам додека ја читам. Многу прашања ми беа разјаснети што се опфатени и во Библијата, но во поскриена форма. Тука многу убаво е опишана релацијата енергетска меѓу луѓето и што значи кога едни со други го злоупотребуваме правото на енергетска размена.

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ докрај?

„Анастасија“ од Владимир Мегре. Периодов ја читам втората книга од вкупно десет од тој циклус. Пополека…

1Дали имаш ли посебен предизвик да отпееш нечие парче поезија?

Секако. Многу блиски пријателки ми се поетеси и учествувале и самите кога сум пишувала некоја од моите песни. Многу ми се допадна албумот на „Љубојна“ по стиховите на Петре М. Андреевски и песната на Елена Ристевска по стиховите на Ацо Шопов. „Фолтин“ со „Везилке“ веќе да не ни кажувам, класика. Ама, за мене, сè уште не се случила таа песна или тој албум, што не е исклучено дека ќе биде во блиска иднина. Инспирацијата не одбира место, ни време.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Од „Арс Либрис“ го сакам „Добриот војник Швејк“ од Јарослав Хашек. Тоа е наслов што ме враќа во детството. Анегдотите на Швејк мајка ми и татко ми често си ги прераскажуваа, а и секој политички систем може да се препознае во оваа светска сатира. Во 2009 година поминав прекрасни три месеци во Прага, каде што често го сретнував името или ликот на нивниот патриот Швејк. Севкупно, наслов на дело што ми ја топли душата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s