Извадок: „Легенди“ на Густаво Адолфо Бекер

Извадок од приказната: „Христос на черепот“

legendiЛопе, знам дека ја љубиш доња Инес; не знам дали твојата љубов е силна колку мојата, ама знам дека ја љубиш. Зашто не е возможен дуел меѓу нас, да најдеме друг начин за да го решиме ова. Ај да ја најдеме и да ù дадеме да одлучи таа, по нејзина желба, кого ќе го одбере, а кого ќе го одбие. И двајцата ќе ù ја почитуваме одлуката и кој нема да ù биде наклонет, утре ќе го напушти Толедо со кралот и ќе се утеши и ќе заборави на битката против непријателот.

– Ако така сакаш, така нека биде, одговори Лопе.

И рака в рака, двајцата пријатели се упатија кон Плоштадот на катедралата, каде што живееше доња Инес де Тордесилјас, во голема хациенда што денес веќе не постои.

Скоро се зазорувало и зашто некои од роднините на доња Инес, заедно со браќата тој ден заминувале со Кралската армија, дури и во овој ран час можело да се влезе.

Со оваа надеж во мислите, стигнале до подножјето на готската камбанарија на црквата, ама кога стигнале таму, слушнале чуден звук што им го привлекол вниманието. Кога запреле кај едно од ќошињата, каде што ги криеле сенките на потпирачите со кои биле потпрени ѕидовите, на нивно изненадување на еден балкон од хациендата каде што живеела нивната дама, виделе отворена врата. Еден човек се спуштил на земја со долго јаже и виделе бела силуета, која сигурно беше доња Инес, наведната преку оградата, како му вели нежни поздравни зборови на својот мистериозен љубовник.

Првиот импулс на двајцата младичи бил да посегнат по мечевите; а потоа сопреле како да им дошла истата мисла, се погледнале и кога виделе какво изненадување има на лицето на другиот, прснале во смеа толку гласна што се слушала низ плоштадот сè додека стигнала до хациендата.

Кога ја слушнала, силуетата на балконот веднаш исчезнала; а откако слушнаа како треснуваат врати, плоштадот се смирил.

III

Следниот ден кралицата стоеше на кралскиот подиум, ја гледаше армијата како маршира за да се бори против Маварите, а покрај неа стоеја највидните жени на Толедо; меѓу кои и доња Инес де Тордесилјас, и како и секогаш сите очи беа вперени во неа. Сепак, таа забележа дека изразот на нивните очи не е ист како и секогаш; всушност, изгледаше дека заедно со овие љубопитни погледи упатени кон неа имаше и една подбивна насмевка.

Кога го сфати ова, веднаш се вознемири, особено по бучната смеа што ја слушна претходната ноќ, што доаѓаше од едно од ќошињата на плоштадот додека се поздравуваше со љубениот. Тогаш, кога ги гледаше редиците војници што поминуваа со своите окопи кои светеа на сончевата светлина, ги виде знамињата на Карилјо и Сандовал како маршираат едно до друго. Откако виде колку значајно ù се насмевнуваа додека ја поздравуваа кралицата, таа почна да разбира. Тогаш, лицето ù се вцрви од срам и во очите имаше горчлива солза.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s