Вака е уништена Александриската библиотека

Сместена во Александрија, на брегот на Средоземното Море, некогаш се наоѓаше најголемата библиотека на античкиот свет, Александриската библиотека или кралската библиотека на Александрија

aleksandrija_1Александар Велики Први ја издал наредбата за градење на голема библиотека, но не доживеал да ја види неа, ниту градот по која го добил името. Набрзо, Александрија станува најголемиот град на западниот свет, град на папирусот и центар на трговија со книги, пишува „Њузвик“.

Библиотеката е основана на почетокот на третиот век пред наша ера, а основачи се кралевите на династијата Птоломеј. Духовен двигател и прв организатор е Гркот Деметије од Флерона. За време на нејзиното постоење, управници на библиотеката се образувани луѓе и книжевници, како и приредувачите на класичните епови: Зенодот од Ефес, поетот и граматичар Ликофрон од Халкиса и критичарот и филолог Аристарх од Самотраки.

Градењето на библиотеката го почна Птоломеј Први Сотир околу 290-283 г. п.н.е., а го продолжи Птоломеј Втори Филаделф Сотир. Изградена е во аристократскиот дел на градот Брукејон, кралскиот кварт, во стилот на Аристотеловата академија. Бројот на книги или папируси во библиотеката се разликува во зависност на изворите.

Додека едни укажуваат дека таму се наоѓале околу 700.000 примероци, другите тврдат дека има 500.000 или 600.000, а Карл Саган наведува дека биле дури и милион примероци.

Кралската библиотека на Александрија ги чувала делата на најголемите умови на античкото време. За жал на нашата цивилизација, сите дела се уништени со големите пожари.

Globes, very old books, library, hall of theology, Strahov Abbey, Hradschin castle district, Prague, Czech Republic, Europe, Image: 146832343, License: Rights-managed, Restrictions: MR_No, PR_No, Model Release: no, Credit line: Profimedia, imageBROKER

Некои од најинтересните сведоштва за нејзиното уништување се добиени од римските автори, според кои првото уништување на Александриската библиотека е случајно, при опсадата на Александрија во 48 година п.н.е. од Гај Јулиј Цезар.

„Кога непријателот се обидувал да ја пресретне Цезаровата флота, морал да се брани со помош на оган, што се проширил на брегот и ја уништил големата библиотека“, пишува Плутарх во животописот на Јулиј Цезар.

Второто уништување на библиотеката го изведуваат христијаните, набрзо по 387 година, кога христијанството станува државна религија на Римското Царство. Царот Теодосија Први во 391 година наредил уништување на сите пагански храмови. Тогаш христијаните, на чело со александрискиот патријарх Теофил ја спалуваат Александриската библиотека.

Третото и последно големо уништување на библиотеката се случило кога муслиманската армија ја освоила Александрија во 642 година откако ја поразила византиската војска во битка кај Хелиополис. Заповедникот на муслиманската војска го прашал халифот Омер што да прават со библиотеката, односно со книгите. Тој го дал познатиот одговор: „Тие се или спротивни на Куранот, што значи дека се ерес, или се согласуваат со него, што значи дека се вишок“.

Иако сите три уништувања се запишани во историските извори, научниците не се сосема сигурни во нивната веродостојност, пред сè поради пристрасноста на древните писатели, а потоа заради недостигот на археолошки наоди што ги потврдуваат размерите на библиотеката или причината за нејзиното исчезнување.

Сè додека сите жители не ја напуштат Александрија и не бидат овозможени археолошки ископувања во градот, веројатно не ќе ја дознаеме вистината за неповратната загуба и знаењето на стариот свет.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s