И книгите и музиката си ги купувам сам

Тој е музичка енциклопедија, но заклучивме дека е енциклопедија и за научно-фантастичната литература. Сака мирис на книга од библиотека, не успева да препрочита цела книга по вторпат и отворен е за нови автори и дела. Можеби еден ден и тој ќе стане автор на радиокнига за историјата на радиосцената во Македонија, но дотогаш се запознаваме со неговата библиотека, диџеј Џон Антонио.

%d1%9f%d0%be%d0%bd%d0%b83 Како би изгледала радиокнигата, ако ти ја довериме тебе?

Со тврди корици на кои ќе стојат ликовите на моите омилени музичари низ годините. Содржината би била поврзана со радијата низ годините. Но, во Република Македонија, со оглед на тоа што немаме ниту слично вакво издание, содржината би била посветена на радијата што постоеле и кои постојат сега, факти поврзани со нив, интервјуа со славните радиофаци, водители, диџеи, продуценти… И секако, музиката низ годините на радијата, некаква историја на звукот на радиските фреквенции.

Дали и што читаат диџеите денес?

Искрено мислам дека најмалку читаат книги, но сигурен сум дека се во тек со музиката преку музички списанија, што го следат секој нов музички тренд.

По кој критериум ја одбираш книгата што сакаш да ја прочиташ?

Љубител сум на трилери и на научна фантастика и најчесто читам книги со таква содржина. Отворен сум и за препораки, особено за нови автори и нивните дела.

До книгите стигнуваш преку: книжарница, библиотека или е-книга?

Книгите, како и музиката, најчесто ги купувам сам. Но, сакам и книги од библиотека, зошто имаат посебна магија. Нема ништо поубаво од мирисот на прашина на стара книга.

Дали има книга што си ja препрочитал повеќе од трипати?

Искрено, не сум препрочитал целосно книга по вторпат. Повеќето романи од кои сум се фасцинирал и сум си ветил дека еден ден ќе им се вратам, досега не сум нашол време или можеби момент за повторно да ги земам во рака. Веројатно се плашам дека нема да ги доживеам толку силно како првиот пат. А морам да признам дека секогаш повеќе ме привлекува новото, несознајното…

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Додека читам се идентификувам речиси со секој лик кој го сретнувам или ако не се идентификувам, тогаш сигурно се ставам на негово место. Но, не можам да издвојам лик со судбина или животна историја идентична на мојата. Со оглед на тоа што често ми се случуваат непредвидливи, да не речам и апсурдни животни ситуации и со оглед на тоа што сакам фантастична литература, би го издвоил Артур Дент од „Автостоперски водич низ галаксијата“ од Даглас Адамс, како еден од најфасцинантните херои кои досега сум ги сретнал во литературата.

%d1%9f%d0%be%d0%bd%d0%b8-2Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив?

Уживам во романите на Даглас Адамс, Тери Прачет, Нил Гејмен, во светот на хобитите и во антологиските томови од „Господар на прстените“ на Толкин. Уживам во епска фантастика и во специфичниот дух на англискиот хумор. Ми се случило да отворам каде било во „Автостоперскиот водич“ на Даглас Адамс, да прочитам една страна, слатко да се насмеам и тоа да ми го направи денот. Една од посилните сцени на која сум останал без здив, а да признам и со солзи во очите е сцената во која Боромир ја губи битката со орките, во Господар на прстените.

Дали пишуваш посвети на книги и дали паметиш некоја посвета на книга што си ја добил?

Да, пишувам кога носам книга на подарок. Се сеќавам, како не – „За мојот омилен диџеј на сите времиња – Џон Антонио“. Во принцип, сите посвети горе-долу се вакви. 🙂

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s