Фидел Кастро ги редактирал сите ракописи на Маркес

Пред да ги прати своите ракописи кај издавачот славниот нобеловец Маркес ги праќал кај кубанскиот диктатор, а потоа ги коригирал по негови сугестии.

markes-i-kastro-2

Фидел и Габо – тајната на светската книжевност

Беше познат како херој на револуцијата, но и како диктатор и непријател на слободниот свет. Фидел Кастро имал неочекувана улога во светската книжевност. Неодамна починатиот кубански претседател важел за неофицијален уредник и редактор на ракописите на славниот писател Габриел Гарсија Маркес со кој одржувал блиски релации уште од седумдесеттите години на минатиот век.

„Претседателот е голем вљубеник во книжевноста“, вели Стефани Паничели-Баталја, предавач на латиноамериканските студии на Универзитетот „Астон“.

„Кога тој и Маркес се запознале во 1977 година, воделе неколку разговори за книжевноста и на крајот Фидел се понудил да му ги прочита ракописите, бидејќи имал добро око за детали“, вели Паничели-Баталја.

Колумбискиот нобеловец, кој почина во 2014 година, бил поддржувач на Кубанската револуција и на Кастро сè до крајот на животот. Паничели-Баталја, која е коавтор на книгата за нивниот однос, „Фидел и Габо“ од 2009 година, рекла дека писателот ги испраќал завршените ракописи во Хавана пред да му ги предаде на издавачот. Исправките на Кастро се однесувале на фактите и граматиката и не биле од идеолошка природа, додала таа.

 

kastro-markesГабриел Гарсија Маркес и Фидел Кастро се запознале во еден кубански хотел во 1977 година. Иако средбата е опишана како случајна, Паничели-Баталја смета дека Кастро можеби ја наместил откако слушнал дека некој колумбиски писател работи на книга за животот на Куба под американско ембарго, со сведоштва на обични Кубанци. Таа книга никогаш не е објавена. Маркес ја прифатил уредувачката улога на Кастро, но никогаш не е откриено дали тој нешто работел за возврат. Во едно интервју од 1977 година тој изјавил дека Кастро ќе го критикува приватно, но никогаш јавно.

Знаците на блиско пријателство меѓу нив двајца се откриени во книгата меѓу личната библиотека на Гарсија Маркес, што неделава ја откупил Центарот „Хари Рансом“ при Тексашкиот универзитет. На првата страна на Кастровата книга „Стратешки победи“ се наоѓа Фиделовата посвета на „Драгиот Габо“ (прекар со кој Латиноамериканците го ословувале од милост). Кастро во порака од 2010 година за време на уништувачкиот земјотрес на Хаити напишал. „Твојата книга ’Не сум дошол да држам говор‘ е трогателна. Заробен со други обврски, ја напуштив својата должност и почнав да читам. Ми недостигаат твоите приказни“. „Чумата на Хаити, додал тој, „ме потсети на ’Љубов во време на колера‘“.

 

Извор:

https://www.theguardian.com/books/2016/dec/06/fidel-castro-worked-on-gabriel-garcia-marquez-manuscripts

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s