Mанифестацијата “Сајт на Годината” во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk по седми пат оваа година ги избираше најдобрите во интернет просторот во Македонија. Нашиот блог http://blog.literatura.mk го освои второто место во категоријата најдобар блог за 2016 година.
Двегодишната интензивна работа на блогот, потрагата по интересни содржини и ширењето на мисијата за читање на литературата ја препознаа нашите читатели и не наградија со ова признаније. Ние не отстапуваме од посветеност кон нив и мисијата, а тоа ќе го потврдиме и низ следниот период, затоа следете не – велат од http://blog.literatura.mk
Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.