Десетте најдобри книги за 2016 година според „Амазон“

Едно од многубројните задоволства во сезоната на празници се листите за најдобри работи. Како што годината се наближува до својот крај, експертите од секоја фела ги наведуваат најдобрите филмови, книги, музика, статии од списанија – најдоброто од баш сè. Тоа е шанса да се види кои се најдобрите дела и идеи што ги пропуштивте во последните 12 месеци и е совршена можност да се популаризира вашата читачка листа за претстојната година. Малкумина се подобро оспособени да составуваат такви листи од „Амазон.ком“. Онлајн-мегапродавницата нема недостиг од прегледи, броеви на порачки, па дури и уредници во својот персонал што ги прочешлуваат милионите книги што ги нуди таа, извлекувајќи ги најдобрите сто книги на годината. Нивната листа ги вклучува мошне дискутираните социјални коментари, лесно читливите книги и историски дела. Еве ги најдобрите десет со кои ќе почнете да го пополнувате вашиот електронски репертоар за 2016 година.

1-amazon

  1. „Верби и бесови: Роман“, од Лорен Гроф

Финалистот за Националната награда за книги „Верби и бесови“ е книжевно ремек-дело што им пркоси на очекувањата. Како заслепувачки преглед на бракот, тоа е исто така портрет на креативно партнерство напишано од страна на најдобрите писатели на нејзината генерација“, вреска „Амазон“. Рецензијата на книгите од Њујорк тајмс се согласува, нарекувајќи ја Гроф „писателка со ретка дарба“. (Како попатна белешка ќе споменеме, ако сте презафатени да читате фикција, размислете подобро.)

 

 

2-amazon

 

  1. „Помеѓу светот и мене“, од Та-Нехиси Коатс

Добитникот на Националната награда за книги и мошне озборуваниот бестселер, „Помеѓу светот и мене“, ја зазема формата на писмо од татко до својот адолесцентен син и го боцка трнливото (а за жал, крајно актуелното) прашање за расите во Америка. Тони Морисон го нарече тоа „задолжително читање“.

 

 

3-amazon

  1. „Да се стане Никол: Трансформацијата на едно американско семејство“, од Ејми Елис Нат.

Благодарение на Кетлин Џенер, трансродовите прашања годинава влегоа во фокусот. Ако сакате да размислите подлабоко за тоа прашање, „Да се стане Никол“ копа во животот на трансродовото девојче преку дневници, домашни видеа, па дури и медицински записи, раскажувајќи ја приказната за едно обично американско семејство што се бори со неочекуваните предизвици при воспитувањето на трансродово дете.

 

 

 

 

 

4-amazon

  1. Жар во пепелта“, од Саба Тахир

Лесно читлива книга, за која јавното меѓународно радио тврди дека „Жар во пепелта“ може да ја лансира Саба Тахир на територијата на Џ. К. Роулинг… Таа располага со адиктивните својства на „Игри на гладот“, комбинирани со фантазијата на Хари Потер и бруталноста на „Игра на тронови“.

 

 

 

 

 

5-amazon

  1. „Славејчето“, од Кристин Хана

„Славејчето“ е роман што нуди свеж преглед на историјата за време на Втората светска војна, сосредоточувајќи се на искуствата на двете сестри во онаа Франција што е под окупација на нацистите.

 

 

 

 

 

6-amazon

  1. „Браќата Рајт“, од Давид Мекалоу

Друг можен предлог за историските фанатици, „Браќата Рајт“ од двократниот добитник на Пулицерова награда Мекалоу, „ја раскажува драматичната приказна зад приказната за храбрите браќа кои го научија светот како да лета: Вилбур и Орвил Рајт“, според „Амазон“.

 

 

 

 

 

 

7-amazon

  1. „С стои за сокол“, од Хелен Мекдоналд

Невообичаениот бестселер, „С стои за сокол“, ја раскажува приказната за еден искусен соколар кој решава да дресира ревносен сокол-кокошкар, за да му помогне да ја преболи загубата на својот татко. Рецензентите беа опседнати. „Нејзината книга е толку добра што, напати, ме боли кога ја читам… Инстант класика“, се воодушеви Двајт Гарнер во Њујорк тајмс, на пример.

 

 

 

 

81-amazon

  1. „Чистота: Роман“, од Џонатан Франзен

„Чистота“ е последното дело од Франзен, кој се величи како еден од најголемите романсиери во неговата генерација.

 

 

 

9-amazon

  1. „Стој мирно: Мемоари со фотографии“, од Сели Мен

Уште еден финалист за Националната награда за книги, „Стој мирно“, од прочуениот фотограф Сели Ман, во кој се помешани сликите и зборовите за да ја раскаже приказната за своето растење во планините Блу Риџ и за својот понатамошен живот.

 

 

 

 

 

10-amazon

  1. „Девојката на возот“, од Паула Хокинс

Психолошки трилер што зависи од еден шокантен момент ѕирнат за миг низ прозорецот на возот. Ако барате нешто што не ќе можете да го спуштите, Венити фер тврди дека „ништо не е поадиктивно од ’Девојката на возот‘“.

One thought on “Десетте најдобри книги за 2016 година според „Амазон“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s